Хроника

Загина возач на патот Велес-Штип

Четириесет и шестгодишен жител на Куманово го загуби животот во сообраќајната несреќа

 

Според првичните информации, тој управувал возило „Шкода Фабија“ кое излетало од патот од засега непознати причини. Возачот им подлегнал на повредите на самото место.

По налог на надлежните органи, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен е увид на местото на несреќата, а надлежните институции ги утврдуваат причините и околностите под кои таа се случила.

Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на истрагата.

Најнови вести од: Хроника

Првообвинетиот за пожарот во дискотеката во Кочани Дејан Јованов (Деко) ќе излезе наскоро од притвор

На 3 октомври првообвинетиот за пожарот во дискотеката во Кочани, Дејан Јованов (Деко) ќе излезе од притвор, потврдил Кривичниот суд за ТВ Телма. Според Законот за кривичната постапка, тој може да биде во притвор максимум една година од оценката на обвинението.

Тошковски во посета СВР Тетово: „Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово. Потоа во Секторот за внатрешни работи Тетово разговараше со раководството за безбедносната состојба, проблемите и резултатите од работењето.

To top