Македонија

Впишувањето на Бугарите во Уставот значително ќе ја забрза Македонија кон ЕУ, порача Радев

И претседателот на Бугарија го сакал југозападниот сосед во ЕУ, но не на сметка на правата на бугарската заедница во земјата

Бугарскиот претседател Румен Радев ѝ испрати порака на Македонија дека со впишување на Бугарите во Уставот значително ќе си го забрза присоединувањето кон Европската унија.

„Вклучувањето на Бугарите во Уставот на РСМ значително ќе го забрза патот на земјата кон ЕУ и се надевам дека нашиот југозападен сосед ќе го стори тоа што е можно поскоро за да си ги отвори вратите за преговори за полноправно членство“, изјави тој на приемот за претставниците на организациите на Бугари од Македонија.

„Сите се надеваме дека интеграцијата на РСМ ќе се случи што е можно поскоро, но тоа не може да биде на сметка на правата на бугарската заедница во земјата“, нагласи Радев, изразувајќи надеж дека вмакедонските власти ќе го спроведат „европскиот компромис“ од 2022 година.

Претставниците на бугарските организации од Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Кавадарци и Кочани, пак, пред шефот на бугарската држава категорично се изјаснија против уставни измени со одложено дејство, бидејќи станувало збор за гарантирање на основните човекови права.

 

Најнови вести од: Македонија

Скопјаните Љ.А.(35) и Н.Д.(40) нападнале пејачка во локал во Аеродром и ѝ се заканувале, па полицијата ги уапсила!

Двајцата напаѓачи се лишени од слобода по инцидентот во угостителскиот објект на подрачјето на општина Аеродром, каде што, според пријавата, физички ја нападнале пејачката и ѝ упатувале закани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Фаризи: ДУИ не може да функционира во правна држава, туку само во илегала, бидејќи оттаму се дојдени! – Нивен беше протестот за правосудниот испит на албански јазик!

„Ние треба да водиме надворешна политика, која ќе биде во рамнотежа со сите големи актери на светот. Ние сме демократска држава со стремеж кон Европската унија, но треба да ја водиме политиката според интересот на нашата држава, а не како ќе му се допаѓа на некој друг. Христијан Мицкоски дојде на власт со ветување дека ќе има цврст став оти нема да се промени на Уставот, ако нема гаранција од страна Бугарија. Тоа го подржувам. Ние не сме единствената држава, која има преговарано со соседите и нема држава, која платила толкава цена.“ – нагласува политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи во одговорот на прашањето како ја оценува Македонија на надворешен план, во рамки на интервјуто за „Република“.

Архиепископ г.г Стефан: На мајчин македонски јазик да објавиме ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та, со нашата вера и со богоугодни дела, да го озариме светот со велигденска радост, па во братољубие, оттука, па до сите краишта на светот, до каде што нè има како народ и како Црква, да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик: ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

To top