Македонија

Вработените во „Комуналец“ го викнаа директорот Рустеми на состанок да го прашаат зошто нема плата, ама тој не се појави

СУТКОЗ, единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности, заедно со ССМ, ја информираат јавноста дека Извршниот одбор на Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје одржал состанок на кој се дискутирало за состојбата во претпријатието

СУТКОЗ, единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности, заедно со ССМ, ја информираат јавноста дека Извршниот одбор на Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје одржал состанок на кој се дискутирало за состојбата во претпријатието. На состанокот биле поканети директорот на претпријатието, Сабахадин Рустеми, и Управниот одбор, но тие не присуствувале.

Од синдикатот истакнуваат дека платите на вработените со месеци се исплаќаат со задоцнување, иако, според нивните информации, на сметката на претпријатието редовно се префрлаат средства од наплатените сметки на граѓаните.

„И покрај доцнењето со исплатата на платата за месец септември, вработените совесно ги извршуваат своите обврски со ограничените ресурси што ги имаат. Недостигаат камиони за собирање смет, а дел од постојните не се во возна состојба поради недостиг на резервни делови“, велат од СУТКОЗ.

Од синдикатот нагласуваат дека одговорноста за оваа состојба не е кај вработените, туку кај раководството на претпријатието, кое не презема мерки за решавање на проблемите.

„Вработените и СУТКОЗ ќе ги преземат сите мерки што им стојат на располагање согласно законите и колективните договори – од поднесување кривични пријави до известување на Државниот инспекторат за труд. Притоа, ќе водиме сметка да не се доведе во прашање положбата или здравјето на ниту еден вработен, ниту здравјето на граѓаните на Скопје“, порачуваат од синдикатот.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Најнови вести

To top