Македонија

Вреди: Али Ахмети и Ислам Абази должат одговор како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека е „виновен“ кабелот?!

„Свесното жртвување на обвинението за трагедијата во модуларната болница во Тетово претставува повторно жртвување на 14-те настрадани, на нивното достоинство и на болката на нивните најблиски. Али Ахмети и обвинителството раководено од Ислам Абази должат одговор пред јавноста: како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека „виновен“ е кабелот? Овој случај ризикува да остане запаметен како еден од најсрамните примери за институционална неодговорност и заробено правосудство!“ – реагира жестоко партијата Вреди.

Натаму Вреди истакнува:  –  Правдата не смее да зависи од ничие политичко влијание, партиска припадност или функција. Кога за трагедија со 14 човечки жртви нема целосна и неселективна одговорност, тогаш не станува збор само за неуспех на едно обвинение, туку за тежок пораз на целиот правосуден систем.

Овој скандалозен правосуден епилог оди на товар на нереформираното раководство на ДУИ. Тоа раководство уште еднаш покажува дека Албанците во Македонија ги користи како совршено алиби за својата опсесија со власта – власт која за нив значи привилегии, тендери и фотелји, а не одговорност пред граѓаните.

За ДУИ, очигледно, човечките животи се само статистика. Без душа, без морал и без емпатија. Но за семејствата на жртвите тие се незаменливи човечки животи, а за целото општество – обврска, а
Вреди нема да дозволи трагедијата во Тетово да биде заборавена, ниту одговорноста да биде закопана во обвинителски и судски лавиринти. Ќе продолжиме да бараме независна истрага, неселективна одговорност и правда за секој од 14-те изгубени животи. Политичката казна за ваквото ненародно и неодговорно однесување ќе стигне на следните парламентарни избори, кога и да се одржат. Албанците доаѓаат по својата правда, наведува Вреди во својата реакција.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ се труди Македонија да оди кон ЕУ достоинствено, а не да распродава сѐ македонско!

Натаму владејачката македонска партија истакнува:  СДС на Венко Филипче и неговиот учител и партиски другар Зоран Заев се предавниците и потписни на распродажбата на се македонско. СДС на Филипче и Заев се квислинзите. Сега власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува подобра позиција за Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ. Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ […]

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Најнови вести

To top