Македонија

ВРЕДИ до Османи: Каде исчезнаа 700.000 евра?

МНР за време на раководството на Османи, склучи договор во вредност од 56.640.000 денари за изнајмување возила за дводневната конференција на ОБСЕ, но…

Бујар Османи, продолжува да молчи, и нема ниту една реченица за 700.000 евра кои исчезнаа од сомнителниот тендер за возила за организацијата на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, во декември 2023 година, велат од ВРЕДИ.

„Министерството за надворешни работи, за време на раководството на Османи, склучи договор во вредност од 56.640.000 денари за изнајмување возила за дводневната конференција. Цените на возилата беа 29.000 денари на ден за VIP возила, 23.000 денари за возила од средна класа, 19.200 денари за возила 8+1, сите без ДДВ, потсетуваат од ВРЕДИ и додаваат:

„Иста компанија, само еден месец претходно, понудила истите возила по цени три пати пониски за секојдневните потреби на МНР – од 9.500 денари за VIP возило со возач до 29.000 денари за истото возило, само затоа што станувало збор за меѓународна конференција.

Прашањето е едноставно: Кој ја доби разликата од 700.000 евра?

Дали овие пари завршија во приватни џебови?

И во чии? Ова не е административна грешка.

Ова е чиста шема на корупција“ – изјави Арбер Кадриу од ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Најнови вести

To top