Македонија

Вреди: ДУИ , која ги претвори судовите во свои ограноци, не може да држи предавања за владеење на законот и правото!

„Иронијата има име – ДУИ! Иронично е и неверојатно е партијата, која има половина од своето раководство на црните листи за корупција, да говори за ‘неуспех во владеењето на правото“! – реагираше остро коалицијата Вреди.

ТВ Шења објави: Коалицијата Вреди остро реагираше на денешните изјави на портпаролот на ДУИ Арбер Адеми, во врска со „неуспехот во владеењето на правото“, опишувајќи ја оваа изјава како пример за „исклучување на ДУИ од реалноста“. Во својот одговор Вреди нагласува дека е „иронично и неверојатно“ партија која, според нив, „половина од своето раководство ја има на црните листи за корупција“, „да држи предавања за европските стандарди и владеењето на правото“.

„ДУИ е главната причина зошто земјата со години не се придвижила напред во обврските од Кластерот 1. Партијата, која 20 години го претвори заробувањето на државата во уметност, денес се преправа дека е моралист.“ – се вели во реакцијата на Вреди.

Коалицијата Вреди ја обвинува ДУИ за политизирање на судството, тврдејќи дека „судовите се претвориле во „ограноци на ДУИ“, оти „одлуките „се донесувале во партиските ходници“, а промените во Кривичниот законик се донесени „заради амнестија на корумпираните“.

Според Вреди, и Европската Унија ги забележала проблемите на претходната влада, потсетувајќи на извештајот на Прибе, во кој владата на Груевски-Ахмети е опишана како „класичен пример за заробување на државата“, со политички мотивирани случаи и системски неправди, што доведоа до „протерување илјадници Албанци од земјата“.

Коалицијата Вреди потврдува дека е за независно финансирање и вистинско функционирање на судството, како и за силни механизми за отчетност, „така што правдата ќе им служи на граѓаните и на никој друг“. – објави ТВ Шења.

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top