Македонија

ВРЕДИ: ДУИ молчи за приватните средби на Бујар во Белград

ДУИ водеше дипломатија со Белград, не со Приштина. ДУИ се сликаше со Вучиќ, не со Курти…

Демократската унија за интеграција, веќе пет ден со еден збор, ниту еден демант, ниту еден одговор, молчи за тоа н колку и какви средби имал Бујар Османи со претставници на српските власти“, велат од „ВРЕДИ“.

„Пет дена ДУИ молчи колку пати Бујар Османи бил приватно во Србија, без да ја информира јавноста?

Зошто толку тишина од една партија која тврди дека е „заштитник“ на евроатлантскиот курс и интересите на Албанците? Дали овој молк не е всушност потврда за сè што беше кажано? – паршуваат од Коалицијата.

„Го прашуваме јавно Бујар Османи: Дали веќе започнал да соработува со ПР-стратезите на Александар Вучиќ?

Дали ќе ја продолжи соработката со ПР-стратезите на Вучиќ што ја имаше претходната Влада на СДСМ и ДУИ?

Дали Бујар Османи ќе ја добие поддршката од Белград како што ја добиваше и до сега?

Дали зад сцената и понатаму се градат сојузи со Белград, додека на јавна сцена се симулира „патриотизам“?

Вистината не може да се скрие: ДУИ водеше дипломатија со Белград, не со Приштина. ДУИ се сликаше со Вучиќ, не со Курти, се вцели во соопштението на ВРЕДИ.

Во пресрет на локалните избори на кои како кандидат на ДУИ за Чаир е предложен екс министерот и екс-кандидат за претседател на државата, Од ВРЕДИ велат дека „Време е за транспарентност. Албанците не заслужуваат да бидат водени од луѓе кои градат тајни врски со центри на моќ што ги игнорираат нашите национални интереси.

ДУИ, не можете да се криете зад празни фрази. Народот веќе знае дека зад вратата на „европска дипломатија“ се кријат состаноци што мирисаат на „српски свет“. И тоа нема да го дозволиме!“, се наведува во соопштението на „ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

OMO „Илинден“ до потомците на македонските бегалци во Бугарија: Во тебе живее споменот дека си Македонец по потекло и корен, дел од македонскиот народ

Посланието објавено од шефот на Градскиот комитет од Благоевград, Атанас Кирјаков, и самиот потомок на бегалци од Кукуш

Државниот врв со бројни честитки кон сите граѓани за Водици

Празникот, кој се одбележува уште од вториот век според христијанското предание, продолжува да привлекува голем број верници и туристи и ја потенцира духовната и културната вредност на православните обичаи во земјата.

(Фото галерија): Сплотеноста на народот е моќна порака, Ѓорѓиевски со честитки до Дарко Митровиќ и сите граѓани

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати порака по повод празникот Водици. „Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен“, посочи Ѓорѓиевски. „Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.

To top