Македонија

ВРЕДИ: ДУИ за 20 години вработи „нула“ Албанци во некои институции

Тоа е партијата што го предаде Охридскиот договор и крвта на мачениците, кои се бореа токму за фер претставување

 

„Секој ден, ДУИ шири ниски и бесрамни клевети против владата на ВРЕДИ обидувајќи се да ја излаже јавноста со празни тврдења за наводно намалување на застапеноста на Албанците во институциите“.

Од ВРЕДИ велат дека вистината е поинаква и фактите зборуваат јасно.

„Тоа што ДУИ денес вреска за застапеност е на власт 20 години и во овој период ги остави Албанците со нулта застапеност во многу од клучните институции на државата. Еве некои од доказите за ова лицемерие: „0“ Албанци во Специјалната единица „Тигри“;

„0“ Албанци во Специјалната единица „Волци“;

„0“ Албанци во Единицата за брза интервенција; 0 Албанци во Дирекцијата за слободни економски зони; 0 Албанци во Академијата на науките; 0 Албанци во Агенцијата за филм“.

„ДУИ нема ниту морал ниту право да зборува за претставување, тоа е партијата што го предаде Охридскиот договор и крвта на мачениците, кои се бореа токму за фер претставување и еднаквост во секоја институција. За ДУИ, Албанците во овие институции беа еднакви на нула!“, велат од Влен.

Од Вреди додаваат дека повеќе нема да дозволат измамата да стане стандард.

„Ќе продолжиме да ја објавуваме вистината, да ја разоткриваме секоја институција каде што Албанците се исклучени и да работиме за вистинска еднаквост! А колку значење им придава ВРЕДИ на Албанците, покажува фактот дека за само една година влада го воведуваме Законот за фер и соодветна застапеност, кој, покрај подобрувањето на бројот на претставници на Албанците, гарантира и повисок квалитет, осигурувајќи се дека се професионални и имаат вистинско влијание во донесувањето одлуки“, велат од ВРЕДИ пренесе Телеграфи

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за два, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top