Македонија

Вреди: „Казино-момчето“ Груби излезе од куќен притвор, но не е слободен, уште долго ќе мора да се справува со своите гревови!

„Казино момчето’ Артан Груби излезе од куќен притвор, но е далеку од слободен човек. Каков пазар и да прави, колку и да ги користи старите врски на ДУИ во правосудството, подземните шеми, тој уште долго ќе мора да се справува со неговите гревови додека беше на власт.. Има обвинение и без оглед колку е подготвен Перпарим Бајрами да се жртвува за него, на Артан Груби ќе му виси тежок камен околу вратот.“ – нагласува Вреди во своето соопштение.

Натаму Вреди истакнува: Целото раководство на ДУИ сѐ уште се прашува зошто после една година во бегство тој сам се пријави на граница и доби само куќен притвор. Факт е дека истече максималниот рок во кој можеше да му се продолжува притворот. Факт е дека Артан Груби ќе може да се движи само во Скопје и оти ќе треба редовно да оди на проверка во суд. Факт е дека за таа ограничена слобода на движење даде гаранција вредна 350 илјади евра како да се 100 денари.

Без оглед на театарот што му го приредија десетина негови лојалисти со навивачка пиротехника, исплашениот и блед лик на „кралот“ говори многу без воопшто да изусти збор. Иако Бујар Османи во интервју се обиде да го излиже тоа што го исплука за Артан Груби во кампањата за локалните избори, сепак тоа не беше доволно. Мораше уште повеќе да се понижи и како поранешен шеф на дипломатијата стана навивач за човек, кој е на црната листа на САД. Симптоматично, недостасуваше факелот на Али Ахмети, кој во неколку наврати со изјави неуспешно се обиде да си ја припише како личен успех замената на куќниот притвор со поблаги мерки за неговиот поранешен најблизок соработник и некрунисан наследник.

Дали Артан Груби добил задача да направи драматичен раскол во ДУИ? Како и да е, Вреди со нетрпение ја очекува неговата позната комуникациска ароганција, со која со невиден успех го поткопуваше рејтингот на ДУИ. Се додека е слободен и дополнително ја отежнува неопходната кадровска реформа во ДУИ, за нас нема подобра и посилна гаранција за успех на било кои избори, порачува Вреди во своето соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Богојески: Останувам на изјавата за машка контрола на жената (ВИДЕО)

Овој пат удри и по мажите: „Вие мажите што ме напаѓате, што мажи сте? Вас ви одговара да ги пуштате ќерките полуголи пред Силбо и жените што неможете да ги соберете од кафани“, вели тој во видеообраќањето

ВРЕДИ: Излегувањето на Артан Груби и Перпарим Бајрами од притвор е скандал без преседан

„Како политички субјект на власт, ќе ги искористиме сите институционални механизми за да ја откриеме вистината зад овој скандал и да ги увериме граѓаните дека правдата и државата нема да бидат предмет на исмевање“, велат од ВРЕДИ

To top