Македонија

ВРЕДИ: Поддршка за анкетна комисија за сите трагедии

Очекува анкетната комисија да ги истакне не само индивидуалните неуспеси, туку и моделите на лошо управување што дозволија последователни трагедии низ годините

Коалицијата целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија во Собранието, бидејќи со години граѓаните беа оставени без одговори и манипулирани, соопшти Вреди.

„Оваа практика мора да заврши. Нашиот став беше и останува јасен дека е потребна сеопфатна комисија, избегнувајќи каков било селективен или политички мотивиран пристап, и токму таква комисија се формира. Сега комисијата сериозно ќе ги испита и со широк мандат сите сериозни случаи што ја потресоа земјата низ годините, од Дурмо турс и Беса транс, до модуларната болница и трагедијата во Кочани. Само таков сеопфатен пристап може да ги истакне неуспесите и институционалните празнини што одзедоа животи“, соопшти коалицијата.

ВРЕДИ очекува анкетната комисија да ги истакне не само индивидуалните неуспеси, туку и моделите на лошо управување што дозволија последователни трагедии низ годините.

Најнови вести од: Македонија

Историски ден за психијатриската наука во Македонија – промовирани првите акредитирани учебници по психијатрија

Со издавањето на новите учебници, заокружени со денешниот настан, македонската психијатрија добива институционална зрелост – формализирана, акредитирана и систематизирана во сопствено академско издание

To top