Македонија

ВРЕДИ со реакција до опозицијата: Обидите за создавање конфузија се залудни

Политичката логика е едноставна, оној што е во очај се обидува да создаде непостоечки ситуации за да се претстави како жртва во очите на гласачите, пишува Вреди

„Обидите да се создаде ситуација во Струга, каде што навистина го нема и не може да има, се разочарувачки и се поврзуваат со коалицијата која со право го носи името на агонизирачкото трио Ахмети, Таравари и Села“ – пишува Вреди во соопштение со кое реагира на објавата на Зијадин Села со која тој негира дека комуницира со лидерот на ова движење Изет Меџити за евентуално негово напуштање на коалицијата предводена од ДУИ и влегување во владата.

„Секој обид да се поврзе коалицијата Вреди, или кандидатот што го поддржуваме, Менди Ќира, со каков било вид вештачка тензија е неточен и надвор од секоја политичка логика. Зошто коалицијата или кандидатот кој е фаворит за победа на изборите на 2 ноември би создавале тензии?

Политичката логика е едноставна, оној што е во очај се обидува да создаде непостоечки ситуации за да се претстави како жртва во очите на гласачите, стратегија што оди во прилог на кандидатот на Зијадин Села и Левица, Арсим Далипи. Целата јавност знае дека соработката помеѓу НАИ и Левица е очигледна, и во Тетово и во Струга. Затоа, овие обиди за создавање конфузија се залудни и разочарувачки“ – се вели во соопштението на Вреди.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Вози како да е нормално во спротивна насока среде Партизанска – автомобилот и покрај се продолжува да вози

На видеото се гледа како возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, а потоа повторно забрзува. Се очекува МВР да соопшти дали прекршокот е регистриран преку „Безбеден град“.

Од пад од 5% до раст од 5,2% – СДСМ да ги погледне статистичките податоци за платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се повика на податоците на ДЗС според кои просечната нето-плата во септември изнесувала 49.141 денар, со номинален годишен раст од 8,1 отсто и реален раст од 5,2 отсто. Во септември 2022 година реалната нето-плата бележела пад од пет проценти.

Охриѓани со порака: Насилството не е проблем на една личност, тоа е заеднички проблем

Љупчo Ѓорѓиески, таткото на 26-годишна Сара Ѓорѓиеска која нејзиното момче Кристијан Корабоски на 15 ноември ја претепа до бесознание и ја остави на улица во Охрид, денеска со нејзина фотографија на која ѝ се гледаат модрици по лицето се приклучи на охридскиот протест против насилството врз жените и фемицид.

(Видео): Избрана трасата за експресниот пат Кочани-Виница-Делчево, камен-темелникот в година, рече премиерот

По јавната расправа е избрана една од двете разгледани варијанти и дека апликацијата за проектот е веќе поднесена пред меѓународните финансиски институции.

To top