Македонија

ВРЕДИ: Во Берлин ќе се учи албански јазик

Велат дека вели дека ова достигнување доаѓа благодарение на непоколебливата посветеност на заменик-министерот за образование и наука, Лулзим Алиу

Коалицијата ВРЕДИ се пофали дека „за прв пат во историјата на албанската дијаспора во Германија, во главниот град на Европа, Берлин, официјално е отворена паралелка за изучување на албанскиот јазик на децата од нашата дијаспора. Историски момент кој не е само добра вест, туку и камен-темелник за зачувување на националниот идентитет и албанскиот дух во дијаспората“.

Од ВРЕДИ велат дека вели дека ова достигнување доаѓа благодарение на непоколебливата посветеност на заменик-министерот за образование и наука, Лулзим Алиу, и „јасната визија на владата на ВРЕДИ“, пренесува Телеграфи.

„Нема нација без корени. Нема иднина без историја. И нема историја што живее без јазикот што ја одржува жива.

Овој успех уште еднаш ја докажува нашата непоколеблива посветеност да стоиме покрај нашите сонародници каде и да се и да им обезбедиме на нивните деца пристап до образование на мајчин јазик, неотуѓиво право и национално богатство.

Ова не е симболичен чекор, тоа е културна, емоционална и политичка победа за сите Албанци во дијаспората, кои со децении го чекаат овој ден.

Денес, албанскиот јазик почна да одекнува дури и во училишните клупи во Берлин затоа што ВРЕДИ е за дијаспората, ВРЕДИ е за нашите деца, ВРЕДИ е за иднината!“, се вели во соопштението од Коалицијата.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top