Македонија

ВРЕДИ: За неколку дена вработени 111 Албанци во државни институции

Коалицијата ВРЕДИ вели дека со децении Албанците биле третирани како граѓани од втор ред, но дека тие ја менуваат оваа реалност, не со зборови, туку со конкретни дела

 

„111 Албанци беа нововработени во клучните државни институции за неколку дена, како резултат на нашите политики за фер и соодветна застапеност, кои немаа вистинска имплементација повеќе од 20 години! – сопшти мкоалицијата ВРЕДИ.

Оттаму велат дека ова не е случајна статистика.

„Тоа е почеток на историска пресвртница, која носи опиплива еднаквост и става крај на институционалната дискриминација што остави илјадници квалификувани Албанци надвор од системот.

Ова се конкретните резултати во последните неколку дена:

35 вработени во Македонска пошта.

17 во Министерството за земјоделство.

27 во Фондот за здравство.

9 во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

23 во Институтот за трансфузиона медицина.

Ова е застапеноста што ја гарантира ВРЕДИ. Покажуваме дека кога постои волја, се случуваат промени.

Ова се резултатите за два дена. Продолжуваме со посветеност, транспарентност и меритократија, да ја направиме јавната администрација вистински одраз на општествениот состав“, велат од ВРЕДИ како што пренесе Телеграфи/

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

Николоски од Вашингтон: Разговаравме за економска соработка, енергетската транзиција и изградба на коридори

На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

Кај судијата Ѓоко Ристов пронајдени судски предмети, кои не ги гибал сѐ до истекување на роковите, најверојатно за да застарат!

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон. Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, досегашните сознанија имплицираат дека е тоа судијата во Апелацискиот суд Ѓоко Ристов. Против него и порано беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет.

Попов: Македонскиот јазик не е „вештачка конструкција“ и борбата за него не е завршена! Стратегиските партнери треба да помогнат за спорот со Бугарија!

–Официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е никаква „вештачка конструкција“, туку логичен тек на долговековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти на цела територија. Тој има долга историја и особен влог во рамките на групата на словенски јазици и светското јазично семејство. Но борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена. Таа мора да трае и да продолжи пред меѓународните институции за човекови права бидејќи неговата официјална употреба од страна на деловите на македонскиот народ во соседните земји е оневозможена со преземените обврски со потпишаните меѓународни договори. “ – нагласи Живко Попов, претседателот на Македонската академија на науки уметности, денес во своето годишно обраќање. .

To top