Македонија

Време е Карпош да добие нова енергија, посветеност и одговорност, порача премиерот

Карпош ќе ја има мојата поддршка, и заедно Владата и општината, додаде ќе направат многу работи заедно, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на промоцијата на Лукроски за кандидат за градоначалник на општина Карпош.

Сотир Лукроски е вистинскиот избор за Карпош. И него го знам колку што се знам себе си. И најдобро знам за каков човек се работи. Сотир има програма што не е само хартија со ветувања. Тоа е мапа за вистински промени – чисти улици, зелени маала, модерни училишта, нови простори за спорт и култура. Секој жител ќе го почувствува градоначалникот во своето маало, во секој разговор и секое дело. Она што најмногу го издвојува е неговата способност да обединува – да поврзува луѓе, да ги слушне нивните идеи и да создава широк тим што ќе работи за Карпош. Тоа е модерно лидерство, тоа е дух на новата генерација, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на промоцијата на Лукроски за кандидат за градоначалник на општина Карпош.

Затоа, истакна тој, победата овде нема да биде само изборен резултат, туку јасна порака дека Скопје може да се прероди, дека духот на Карпош, духот на слобода и независна мисла, повторно ќе заживее. Карпош ќе ја има мојата поддршка, и заедно  Владата и општината, додаде ќе направат многу работи заедно.
  • Денес гледам најголема критика за нашиот кандидат е дека ми бил другар. Замислете, мислеле таму што да нападнат затоа што не можат да кажат ништо друго, се работи за квалитетен човек и успешен човек надвор од политиката, нешто за кое еден од неговите против кандидати кој бара сламки за спас, не може да се пофали затоа што тој човек сè што има е благодарение на политиката, интригите, недоличното однесување полно со гнев, фрустрација, со кавгаџиството, и никако не можел да смисли нешто што е критика за Сотир освен дека ми е другар. Јас со гордост можам да кажам дека ми е другар. Од детство. И токму затоа можам и да тврдам дека го познавам добро и дека знам дека никогаш нема да ги изневери карпошани. Тој е професионален, одличен менаџер со успешна кариера во приватниот сектор и има капацитет и што е најважно визија што сака да направи, програма и план како да работи и што да работи. Знае од кај да почне, знае што недостасува и што сака да направи да биде подобро за сите граѓани. И да, тој ми е другар, како што ми се другари и Орце за Скопје, Аце, Боби, Даре, и многу во партијата кои освен соработници ми се и другари, тим со кој работам и ќе работам посветено и заеднички на развој на државата и општините, рече Мицкоски.
Тоа, додаде, не им поминува и не само што не им е логично туку само демонстрираат сериозен страв и паника. Според него, не може таа паника да се сокрие преку кавгаџиски и невоспитани навреди и видеа, не може да се сокрие ни преку нарачките за напади лични и вулгарни против него и неговите соработници и пријатели и семејство.
  • Без разлика дали нападите доаѓаат од СДС или Стефче кој е сличен со нив по убедување и нарав и на кого местото му е таму, сепак јасно е дека зад тие напади се крие страв, страв од политички неуспех и крај на лични кариери и можност да се видат јасно сите нивни скандали, криминали и махинации со општината но и со централната власт до пред една година. Затоа што време на отчетност доаѓа за сите, времето на правдата доаѓа. Нема да го спречи или сокрие тоа ни личен напад ниту измислување на теми како резолуцијата за Бугарија каде јасно се гледа намерата на Филипче и неговиот гуру. Сè ќе биде јавно и транспарентно и ќе стане сè на очиглед на сите и од тоа е стравот. Ние се навикнавме на навреди. Ако видите наназад минативе години што не кажаа за мене, и што не употребија да го спречат нашето доаѓање на власт. И џабе. Народот го кажа своето. Одбра промени кои неминовно доаѓаат. Истo како што ќе дојдат промени во Карпош, општина во која ќе има многу проекти, многу добри мерки за граѓаните, директна помош, и инвестиции во инфраструктура, образование, екологија, организирање на општината… ќе биде добро, Карпош заслужува повеќе од ова досега. И неправедно е Карпош заложник на истиот ментален склоп на поединци кои не заслужуваат нова шанса. Гласот за СДС и Стефче е глас за Венко Филипче и нивно овозможување да добијат општина кон која ќе се однесуваат како што знаат и како што гледавме минативе години во државата, истакна Мицкоски.
Во врска со другите кандидати во Карпош, како што потенцира, сакаат да соработуваат со луѓе со кои ќе најдат заедничка платформа. Сотир, нагласи, е човек кој е широк и знае да оцени квалитет, да прифати идеи, сугестии, да направи широк тим со кој заеднички ќе создаваат дела и проекти за Карпош.
  • Карпош мора да оди напред со промени, со нова енергија, со нова посветеност и одговорност. Со модерен човек кој дише со Карпош и живее за Карпош. Затоа ве повикувам да се мобилизираме и да излеземе масовно на изборите да гласаме за вистинскиот избор кој нема да ве изневери, за Сотир Лукровски, човек во вистинска смисла на зборот, од твоето место и за твоето место, кој ќе работи за твојата иднина. Карпош не е само општина – Карпош е емоција. Секоја улица, секое маало носи спомени, приказни и луѓе со кои сме израснале. Ова е срцето на Скопје – од Дебар Маало, преку блоковите во Тафталиџе, до парковите во Злокуќани. Карпош е душата на градот, а таа душа заслужува нова енергија. Карпош мора да престане да биде жртва на политиканството и корупцијата. Време е да стане симбол на чесност и напредок. И тоа ќе го направиме со Сотир. Време е Карпош да добие нова енергија, време е за нова посветеност и одговорност. Затоа ве повикувам – масовно излезете на изборите, гласајте за вистинскиот избор, за човек што нема да ве изневери. Гласајте за Сотир Лукровски – човек од Карпош, за Карпош. Карпош заслужува повеќе. Да славиме заедно голема победа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. 

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Карпош Сотир Лукоски во обраќањето на промоцијата истакна дека кога се зборува за Карпош, се зборува за заеднички дом.

  • Сите ние имаме еднакви емоции кога зборуваме за Карпош. Низ овие улици беа нашите први излегувања, нашите први симпатии, првите другарувања, расправии… тука во Карпош се градеше нашиот карактер. Но мора да биде искрени дека многу малку остана од тој Карпош во кој ние пораснавме, истакна Лукровски.

Лукровски додаде дека во Карпош има сериозни проблеми, а како најголем ја наведе нехигиената.

Најнови вести од: Македонија

Пумпите дадоа „зелено светло“ за поевтинување на горивата за 2, па и за 3 денари по литар

Економската фела, коментирајќи ги предлозите за привремено укинување или намалување на акцизите, велат станува збор за мерка која може да се разгледа, но со голема претпазливост. Искуствата на земјите од ЕУ велат дека таквата мерка покажала дека какво било привремено укинување на фискалните или на парафискалните давачки носи многу краткорочни резултати, кои на долг рок не се покажале доволно ефикасни.

Уставен суд: Со невистините за Законот за употреба на јазиците Пендаровски влијае врз сликата за правниот поредок и институционалниот интегритет на државата!

Реакција на Уставниот суд на Република Македонија во врска со изјавата на поранешниот претседател Стево Пендаровски во врска со предметот, во кој е оспорен Законот за употреба на јазиците

Подарок кој ја слави вашата моќ: Во месецот на жената, изберете иновација која ве инспирира

Март, месецот во кој се слави жената е секогаш убаво потсетување дека заслужуваме нешта кои не само што ни го олеснуваат денот, туку и нè инспирираат да бидеме најдобрата верзија од себе.

ОМО „Илинден“ – Пирин: Стојан Георгиев-Томовичин го посвети сиот живот да победи правото да биде Македонец – 88 години од раѓањето

На денешен ден, на 18 март пред 88 години се роди Стојан Георгиев – Томовичин, една од најбележитите личности во поновата историја на Пиринска Македонија. Целиот свој живот го посвети, за да победи правото да биде Македонец, но и правата и достоинството на Македонците во Бугарија. Поради ова лежел двапати по 4 години во бугарските затвори во времето на комунизмот. Тој е еден од основачите на ОМО „Илинден“ во 1990 година и нејзин прв претседател. Ова го објави денес ОМО „Илинден“ – Пирин на својот официјален фејсбук-профил.

Ѓукановиќ од СНП: Бугарските стремежи кон Македонија можат да бидат дел од судир на Балканот!

Владимир Ѓукановиќ, дел од раководството на владејачката Српска напредна партија (СПП) предупредува на „можен судир на Балканот“ и „создавање воен сојуз меѓу Загреб, Приштина и Тирана, на кој во одреден момент би можела да му се придружи и Бугарија со нејзините стремежи и амбиции за Македонија и југоисточна Србија, во зависност од тоа кој е на власт во Бугарија“.

Собранието го избра Ненад Савески како нов државен обвинител – Николоски истакна дека тој ќе треба да се избори за правдата во Македонија!

„На Македонија ѝ се потребни правда и владеење на правото. Ѝ треба јасно отворање и постапување по случаите, кои ќе ја подобрат сликата за државата и обвинителско-правосудниот систем.“ – нагласи вицепремиерот Александар Николоски денес на собраниската седница пред да биде избран Ненад Савески како нов државен јавен обвинител, предложен од Владата. За него Николоски истакна дека е професионалец, докажан во својата работа и, како што нагласи, без ниедна дамка во својата професионална кариера.

Најнови вести

To top