Македонија

Апелациониот суд пред искушение да исправи неправда предизвикана од реваншизам

Една од најголемите судски фарси во Македонија пред финална разврска

Апелациониот суд, се наоѓа пред искушение да исправи неправда предизвикана од реваншизам.

Апелациониот суд за десетина дена ќе расправа за контроверзниот судски процес против инфектологот Вело Марковски и уште седум лица, кој започна по поднесени обвиненија на крајот на 2020 година, а се однесуваше на наводни незаконски археолошки истражувања и шверц на артефакти за што обвинителството никогаш не приложи цврсти докази.

Покрај тоа што нема докази делата за кои се товари групата се случиле пред десетина години и тие се апсолутно застарени но основниот суд одбил да ја преточи во пресуда правната реалност.

Водечкиот македонски инфектолог, професорот Марковски, меѓу другите, беше обвинет за повеќе кривични дела, вклучително и „злосторничко здружување“, „изнесување во странство на добра под привремена заштита“, како и „незаконити археолошки истражувања“.

Во текот на судењето кое се одвиваше во долг временски период, Марковски ги отфрлаше обвиненијата, докажувајќи дека нема артефакти и дека обвинението стои на „стаклени нозе“.

Правната ,,шарада” доби кулминација кога во април 2025 година, обвинителството се откажа од гонење за дел од делата, вклучително и за „злосторничко здружување“, што Марковски го оцени како фабрикување на докази.

И покрај тоа што обвинителството не даде соодветни докази според пресудата од Мај 2025 година, Вело Марковски и останатите обвинети беа осудени на условни казни од 2 години, при што судот ги прогласи за виновни за незаконски истражувања, иако обвинителството се откажа од дел од обвиненијата.

За познавачите условна пресуда за дела кои се гонеле толку долго значи само едно, основниот и апелациониот суд се свесни дека ако нема осудителна пресуда дежавата ќе мора да плаќа оштета за протворот и малтретирањето на осомничените и затоа ги суди на условна казна.

Марковски кој е врвен експерт за инфектологија но и политички актовен обвинението го спореди со „Процес“ на Кафка, тврдејќи дека станува збор за монтиран случај.

Во продолжение дел од фактите за процесот во кој нема оштетени лица и предизвикана штета но има малтретирање на возрасни луѓе, некој и со над 80 години само затоа што дома имале парички од своите баби и дедовци или шарени камења кои не вредат ни пет пари.

Во фактографијата се поместени и изјави од професорот Марковски.

Прво- после приведување во полиција- дента сите медиуми објавија спекталурани апсења на опасна криминална група која изнесувала културно наследство. Групата во просек е составена од пензионери.

По пресот на МВР, започна медиумска канмпања каде се прикажувани познати локалитети како Вардарски рид, Стоби, Скупи… со слики од предмети од тие локалитети миксани со предмети одземени од кај еден од обвинетите, со цел да се добие впечаток дека навистина се копани и оштетени „тие познати локалитети“.

Прекршен институтот ,,Презумција на невиност”

Ова е првата суштествена повреда во процесот и повреда на основните човекови права, прво осуден од јавноста, а дури потоа одведен дури следниот ден пред истражен судија.

Истражниот судија е под силно влијание на прес коференција на МВР (кое го раководи министер од власта на СДСМ и ДУИ).

Следува осуда од сите медиуми, пишани, електронски и сите национални телевизии, кои цел ден прикажуваат ударна вест како се фатени опасни криминалци.

И потоа класика: Под притисок на јавноста, власта, обвинителот, судот „мора“ да определи мерки такви какви што сака обвинителот, во спротивно ќе биде ставен на зидот на срамот и прогласен за заштитник на „криминалците“.

Втората битна повреда е што без никаков распит ни пред полиција, но без воопшто да има разговор со обвинителот е определен ефективен притвор.

Трета битна повреда е што без да се има докази професорот Марковски е ставен во притвор, а доказите се бараат дополнително.

Четврто, во притвор професорот е чуван 4 месеци, со образложение да не избега да не го повтори делото и да биде достапен за истрагата.

Иако бил чуван 4 месеци во притвор за да бидам достапен во секое време, обвинителот првиот и единствен разговор/распит го направил со професорот дури по 3 и пол месеци.

Пето, доказ дека обвинителот го држел Марковски неоправдано во притвор е што на завршен збор обвинителот го сменил обвинението и со тоа практично признал дека го чувал неоправдано професорот во притвор.

Практично обвинителот го држел Марковски во притвор за едно, а потоа во тек на процесот калкулирал со што друго да го обвини.

Шесто, обвинението е подигнато 28 месеци по притворањето, што само по себе укажува дека обвинителот не располагал со докази, а определениот притвор и скапиот процес мора да го тера на „мускули“.

За времена на истражниот процес „владини“ медиуми постојано пишуваа дека професорот шверцувал артефакти.

Во октомври 2020, неколку дена по назначување на професорот Марковски за член во Извршниот Комитет на ВМРОДПМНЕ две прес коференции одржа владиниот портпарол на СДСМ што дирекно влијаеше да се подигне какво такво обвинение, кое јасно е дека ќе го немаше бидејќи обвинителот виде дека нема дело, ниту има докази за сторено кривично дело.

Целиот судски процес се водеше без да има јасни и прецизни обвиненија, ниту се изнесоа јасни докази. Процесот се водеше врз основа на инсинуациии, фантазии, претпоставки… а клучен доказ беа телефонски разговори без поткрепа и доказ дали тие разговори биле реални и дали се случиле настаните.

Во над 70% во прикажаните разговори учествуваат агенти провокатори (најмалку 11) и тие во комуникацијата ги користат термините во „шифри“ како: артефакти, нешто големо, фигурата, пријател кој сака да купува нешто големо…

Обвиненијата кон професорот Марковски беа со бројни описи, а во самите точки на обвинението не беше јасно укажано кој предемет со какво значење е туку цело време се цитира законот, „добра под привремена заштита, културно наследство или природна реткост“- без да се наведе тој и тој предмет е добро под привремена заштита, тој и тој предмет е културно наследство од таа и таа категорија, тој и тој предемт е природна реткост.

И во самата пресуда нема цитирано конкретно кој предмет од која категорија е и кој предмет е природна реткост.

Уште поважно, во судењето воопшто не се земени во предвид поповолните актуелни закони за осомничените, како законот за заштита на културно следство, закон за природни реткости и закон за минерални суровини.

Донесена е пресуда која се однесува на материи регулирани со тие закони и при тоа не е цитирано дека тој и тој предмет според законот „тој и тој“ претставува културно наследство од таа и таа категорија или претставува природна реткост според тој и тој член од законот или акт и уредба на соодветна институција.

Донесена е пресуда без воопшто некој од одземените предмети да биде пријавен во надлежни институции ниту како добро под привремена заштита ниту како културно наследство.

Во пресудата како крунски доказ се користи некаков војник со штит кој ниту некој го видел, ниту е прикажан како доказ ниту е вештачен ниту пак е побаран или ако е навистина вреден пријавен во заводот или некој музеј.

На завршен збор е сменет обвинителен акт, при тоа не се наведени нови докази како подкрепа на прецизирање на нов обвинителен акт.

Од осомничените не е побарано да се изјасни по однос на новото обвинение. Не му е дозволена доказна постапка, ниту пак повторно е посочено кој е конкретниот предмет кој го присвоил

Во пресудата стои дека тој предмет, или тие предмети се и добра под привремена заштита, и културно наследство и природна реткост.

Воопшто не е извршена категоризација, дали нешто воопшто е културно наследство и од која категорија е. Во законот има бројни категории како археолошки предмети, етнолошки предмети, културно наследство, културно наследство од особено значење.

Кривично се одговара само за предметите од категоријата културно наследство од особено значење.

Професорот Марковски практично е осуден како член на група без да постои таква група.

Иако обвинителство во член 1 се повлекува од гонење по основ на припадник на злосторничко здружение, понатаму со описи без докази, со нафрлени низа описи тој е осуден за дела кои некои други поединци можеби ги направиле.

Така во пресудата како крунски доказ се споменува некој војник со штит, кој првообвинетиот го имал на слика, а сведокот на првообвинетиот потврди дека тој војник се уште се наоѓа во антикварница, никогаш не е изнесен и не е продаден.

Досега никој не утврдил дали тој војник е реплика, сувенир, а воопшто ниту е вештачен, ниту е одземен но поради него се носи пресуда.

Важен дел од случајот е тоа што откако во доказна постапка сите тврдења на обвинителот беа побиени при што обвинитиот доставувал докази што не направил, наместо обвинителот да изнесе докази а тој да се брани.

Откако на судењето станало јасно дека нема ни еден валиден доказ, обвинителот (најверојатно со цел со итрина да го изигра законот побарува да прецизира обвинителен акт, односно да го промени обвинителниот акт, без при тоа да не посочи ни еден нов доказ.

Со образложение дека поради признание на дело на некои од обвинитетите и поради смрт на обвинет само го менува редоследот на точките на описите и редоследот на обвинетите, обвинителот врши преквалификација на кривичните дела.

Особено е важно што кривичното дело Прикривање по член 261, по кое бил обвинет Марковски по стариот обвинителен акт, се преквалификува во ПОТЕШКО КРИВИЧНО ДЕЛО – ПРИСВОЈУВАЊЕ по член 265, а со истите описи.

При тоа од Марковски побарано да се изјасни како се чувствува по новото обвинение, дали сќе виновен или не.

,,Не ми беше дадена можност за изнесување на нови докази особено што во точка 18 од стариот обвинителен акт се даваа описи на предмети одземени и кои се однесуваа само на мене, а сега без ниеден нов доказ во новиот обвинителен акт точка 18 е со број 10 а во описот се тврди дека одземените парички од кај мене всушност биле сопственост на првообвинетиот а тој ги криел кај мене.
Во описот на пресудата се описани дејствија, настани, тврдења за кои воопшто не сум обвинет од страна на обвинителот”, вели професорот Марковски.

Конечно член 265 од кривичниот законик е дециден, „Тој што при археолошки ископувања, архивски истражувања, геолошко-палеонтолошки и минеролошко-петрографски истражувања, ископувања или на друг начин ќе присвои ископина, материјал или најден предмет што претставува добро под привремена заштита или културно наследство или природна реткост, ќе се казни со затвор од една до десет години“.

И иако се однесува на лица професионалци кои би украле нешто од музеите или при професионалните истражувања, законот децидно бара ископината или материјалот да е добро под привремена заштита, културно налседство или природна реткост.

Од страна на судот ниту од страна на обвинителот ниеден од одземените предмети не беше пријавен во надлежна институција, ниту пак судот побара некоја од надлежните институции да се изјасни за категоријата.

Според законот за заштита на културно наследство, добро под привремна заштита се регистрира, и во рок од 6 месеци надлежната институција мора да се изјасни дали тој предмет е културно наследство или не е, а ако е културно наследство да се одреди категорија (археолошки предмет, историски предмет, етнолошки предемт….).

За предметите од особено значење мора да се направи елаборат кој се усвојува на Влада и се одредува дали тој предмет ќе се пријави во меѓународни институции, и како понатаму ќе се третира. Законот за природни реткости точно одредува што претставува природна реткост, и таму не влегуваат минерали и/или полудраги камења.

Во пресудата без да се кажа кој камен е природна реткост и со кој акт е прогласен за природна реткост, се носи пресуда и тоа за сите камења, бидејќи сите камења се наведени, иако има бројни кварцови (70% од планетата е составена од силициум) кои никако не може да бидат природна реткост.

Исто така се нотирани и кристали за кои во самата пресуда стои дека не се наоѓаат на територија на Република Македонија, и дека се брусани, готови за накит, значи се совпаѓа со тврдењата на одбраната дека се купувани на саеми надвор од Македонија.

Во пресудата се тврди и дека 2-3 корунди одземени од Марковски се природна реткост, без да се цитира некаква уредба, закон, или мислење од надлежна институција.

Уште повеќе што во тек на септември 2025 година министерството за енергетика, рударство и минерални суровини започна постапка за заштита на таканаречениот македонски рубин, и не знаеме во која категорија ќе биде ставен.

За подсетување, во членот 1 од кривичниот законик стои „На никого не може да му биде изречена казна или друга кривична санкција за дело кое, пред да е сторено, не било со закон или со меѓународните договори ратификувани согласно со Уставот на Република Македонија определено како кривично дело и за кое не била пропишана казна со закон.“

Никој не знае дали во иднина ќе бидат пропишани казнени одредби за имателите на корунд.

Според се и самиот обвинител не е убеден дека Марковски сторил кривично дело, и затоа после поминати 7 години менува описи, се служи со разни замки во распитите за да изнуди некакво признание, а во самиот пречистен обвинителен акт стои:

„Обвинетиот Вело Марковски со дејствијата постои основано сомнение дека сторил кривични дела со дејствијата под т.3 и 10 дека сторил кривично дело„ (страна 17 од записникот од главна расправа од 25.4.2025 година, и поднесениот нов обвинителен акт, и на страна 18 од истиот записник, повторно „ Обвинетиот Вело Марковски со дејствијата постои основона сомнение дека сторил кривични дела со дејствијата под т.3 и 10 дека сторил кривично дело“.

Понатаму обвинителот со доказ 38 на страна 21 во долниот дел од истиот записник, изнесува „..во општина Чашка нема регистрирани но има евидентирани археолошки локалитети“… а тврди дека на археолошки локалитети во општина Чашка биле ископани паричките.

За да на страна 25 обвинителот без ниеден доказ ниту исказ, тврди дека „потеклото на монетите пронајдени и одземени од обвинетиот Вело Марковски е од археолошки локалитети кои заедно со обвинетиот Ристо Панов недозволено ги истражуваат и ископуваат“…

Ова тврдење е ново, без да се изнесе ниеден доказ, по 7 години обвинителот излегува со ново тврдење, без да го поткрепи и да цитира со кој доказ го докажува тоа, и без да има доказна постапка.

Судот го зема ова како утврдена фактичка состојба, и при тоа го занемарува фактот дека во тек на доказната постапка судски вештак од информатичка технологија докажа дека споменатите парички се сликани и ги има во лап топот на Марковски во 2012 година, и тоа со бројчиња сите 71 паричка.

Тоа значи дека тие НИКАКО не можеле да бидат ископани во 2018 година.

Судот не поверува ни на сведоците кои сведочеше дека тие парички биле во семејството на Марковски уште пред 20-30 години.

,,Судот не поверува ни на моето сведочење за потеклото на паричките, ниту пак поверува на исказот на првообвинетиот дека никогаш ниту ги видел ниту ги ископал споменатите монети. Судот не ги ценеше ни моите поднесоци за примери од судска пракса за прекршочна одговорност за запленети римски монети при обид за изнесување на граница со вредност од 3,5 милиони денари. Судот не побара мислење од Агенцијата за заштита на културно наследство, ниту го приемнуваше во постапкава Законот за заштита на културно наследство и законот за минерални суровини.

Сите тврдења без материјална подкрепа на обвинителот се прифатени.
Обвинителот во еден обемен обвинетелен акт со 4 различни фонтови, направи едно конфузно обвинение, со изнесување на секакви слики и небитни моменти го направи целиот процес конфузен и тешко разбирлив, па така да предмет со вкупно од неколку илјади страници, тешко дека може да се прати и тешко дека било кој ќе може целосно да навлезе, да ги памети настаните и да може да има правилен став”, вели професорот Марковски.

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top