Хманитарна велигденска акција, на која волонтери за еден час бесплатно поделиле околу две илјади табли со јајца и кесички со црвена боја, предизвика голем метеж во во дворот на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес.
Порталот „СДК.МК“ јави дека во еден момент, поради големо безредие, морала да интервенира и полицијата, за да спречи евентуално стампедо и повреди кај граѓаните.
Некои од присутните земале и по две-три табли со објаснување дека ги земаат за болни роднини или за соседи кои не можеле да дојдат.
Акцијата е идеја на велешани кои живат и работат во САД, односно на сопственици на компанијата „Шилер“ чија дејност е камионски превоз на стока, а кои трета година по ред бесплатно делат табли јајца во Велес.