Македонија

За пензионерите два пати по 1.000 денари покачување на пензиите

Ќе има 2.000 денари линеарно зголемување за сите пензионери во рамките на следните шест месеци

Зголемување на пензиите од 1.000 денари наесен и исто толку наредната пролет, најави премиерот Христијан Мицкоски прашан дали ќе има предизборно покачување на пензиите и додаде дека одлуката ќе биде набргу донесена.

Премиерот рече дека се прават анализи за корегирање нагоре на пензиите.

„Правиме анализа линеарно да се зголемат пензиите по 1.000 денари сега, на есен, во октомври кога ќе ја земат пензијата, и во април, практично за март, 2.000 да има линеарно зголемување за сите пензионери во рамките на следните шест месеци.

Сериозно сме во таа анализа и многу скоро од денеска, бидејќи тоа мора да се случи пред распишување на изборите, дали преку закон со скратена постапка или преку група пратеници, ќе го поднесеме“, изјави Мицкоски во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

Како што рече, тоа е барање на пензионерите кои на сите средби што ги имал со нив сакаат линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите.

„Многу сме блиску до носење на таква одлука. Сериозно сме ангажирани во таа анализа, правиме проценка колкаво би било зголемувањето, колкав би бил волуменот на парична маса да го поделиме со бројот на пензионери“, додаде премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Високото образование треба да создава стручни луѓе, а државата да бара отчетност од универзитетите

Министерството за образование и наука не е спротивставена страна на академската заедница, напротив во соработка со Универзитетите го започнавме и на ист начин ќе го завршиме Законот за високото образование, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, пред почетокот на 4-тата јавна дебата, што денес се одржа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За лажна работна виза за Германија тетовка му платила 3 илјади евра на сограѓанин, потоа „испарил“!

Во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријави дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од 3.000 евра. Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа се договорила со лицето да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија и притоа парите му ги исплатила во неколку наврати.

ТВ Телма дојде до видео-снимки на можниот сериски убиец и силувач од Старо Нагоричане! Се истражува смртта на пет жени! (Видео)

Телевизија Телма дојде до снимки, кои се од камери на една од куќите, каде што се гледа осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане. Видеото трае две минути, а на него се појавува крупен маж со подолга јакна и качулка на главата, кој се обидува да ја отвори вратата на куќата. Но таа е заклучена. Според изворите на Телма, се работи за дом кој се наоѓа блиску до местото познато како Коински мост, а во куќата живеела сама повозрасна жена.

Соработка на „Макпетрол“ и МОН – нов прирачник против врсничко насилство за училиштата

Како дел од својата општествено одговорна кампања „Крени глас против врсничкото насилство“, „Макпетрол“ издаде нов прирачник за препознавање и справување со врсничкото насилство

Средба Перински – Варнс: Стратегиското партнерство со САД е врвен приоритет

Министерот за локална самоуправа Златко Перински оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс. Потврдена е заедничката посветеност за натамошно унапредување на стратегиското партнерство меѓу двете држави

Груби на распит во обвинителството – се товари за криминал „тежок“ 8 милиони евра

Артан Груби, осомничен за проневера во „Државната лотарија“, кој утрово беше уапсен на граничниот премин Блаце и сместен во притворското одделение во Шуто Оризари, веќе е спроведен на распит во Обвинителството.

Најнови вести

To top