Македонија

Задржано па пуштено „сомнително лице“ на ГП „Блаце“

Пушколи, на „Фејсбук“ објави дека е приведен и побарал помош од косовските власти, а подоцна вечерва напиша дека откако полицијата извршила со него разговор и испрашување, бил пуштен

 

Фадиљ Пушколи,поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), и сопственик на косовската новинска агенција „КосоваПост“,синоќа бил приведен на граничниот премин „Блаце“.

Како што првично пренесоа дел од медиумите – тој бил задржан по налог и потерница издадена од Србија.

Пушколи, на „Фејсбук“ објави дека е приведен и побарал помош од косовските власти, а подоцна вечерва напиша дека откако полицијата извршила со него разговор и испрашување, бил пуштен.

Тој во синоќешната објава ѝ се заблагодарува на македонската полиција и посебно на Албанците во нејзините редови.

„По разговорот и испрашувањето, бев ослободен од полицијата на Северна Македонија. Сакам да ѝ се заблагодарам на полицијата на С. Македонија, особено на полицајците Албанци, за коректноста, почитта и доброто однесување во текот на целата постапка. Ви благодарам за коректноста и професионалноста!“, напиша тој.

Официјално нема достапни информации кои би потврдиле дека Пушколи е баран од Србија, како што првично беше објавено. Македонските институции досега не соопштија ништо за вечерашното приведување на косовскиот сопственик на медиум.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кина гради дури 90 дата центри во град со два милиона жители

Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

To top