Македонија

Заеднички стратегии и проекти што ќе му дадат ново лице на културниот живот во Скопје

Ѓорѓиевски на средба со културните работници

Културата е срцето на Скопје! Денес остварив значајна средба со културните работници, професори од Драмската и Музичката академија, претставници од Друштвото на ликовни уметници, Националниот џез оркестар, директорот на МНТ, докажани автори и творци, филмски работници, МКЦ и независната културна сцена, вели Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје.

-Заедно со мојот советник за култура, Лазе Трипков, разговаравме за иднината на културниот развој на Скопје, за поддршката на уметниците, зачувувањето на културното наследство, отворањето на нови простори за културна експресија, како и за соработката со младите таленти и независната сцена, но и со докажаните автори и институции. Скопје е град на слоеви – град на историја, уметност и визии. Со ваквите средби го градиме мостот помеѓу институциите и културните работници, создавајќи заеднички стратегии и проекти што ќе му дадат ново лице на културниот живот во нашиот град. Сите идеи и иницијативи што денес ги слушнавме ќе бидат интегрирани во новите културни политики на Град Скопје, вели Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top