Македонија

Заев демантира дека негов шофер палел трева кај манастирот Водоча

Долго време немале контакт

Екс лидерот на СДСМ и екс премиер Зоран Заев демантира дека негов шофер палел трева кај манастирот Водоча.

Струмичката полиција вчеравечер уапсила лице со иницијали А.Н., осомничено за намерно подметнување пожар во близина на приватен имот. Според полицискиот билтен, лицето било затекнато како се обидува да запали сува трева и веднаш било приведено.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков изјави дека уапсеното лице е поврзано со поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, алудирајќи дека станува збор за негов поранешен возач. Заев ги демантира ваквите тврдења.

 

 

„Александар Николов е вработен во општина Струмица. Јас бев градоначалник на Струмица до 2016 година и во тие 12 години мој шофер беше Ристо Ѓузелов до неговото пензионирање, а потоа Кире Ангелов. Александар Николов тогаш работеше на портирницата и управуваше со службено возило за општинските инспекции и други служби“, изјави Заев за „Фокус“.

 

Заев вели дека по завршувањето на неговиот мандат како градоначалник, не го видел Николов, отфрлајќи било каква лична или службена поврзаност со него во последните години.

 

Полицијата продолжува со истрагата, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава за предизвикување опасност по животната средина.

 

Лефков тврди дека пироманот кој е близок со македонски моќник имал политичка цел

Шофер на моќен македонски политичар уапсен за подметнување на пожари

Најнови вести од: Македонија

Николоски: „Не коленичиме, туку достоинствено ја водиме политиката“

Ова вчера во телевизиско гостување рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање за влезот на државата во ЕУ, но и за неодамна изнесениот став на премиерот Христијан Мицкоски оти е подготвен да чека со децении без уставни измени, односно дека актуелната Влада нема да попушти пред барањата за уставни измени доколку не добие јасни гаранции за евроинтегративниот процес

Стоп за деца и малолетници на социјалните мрежи

Според анкета на  Институтот за демократија – Социетас цивилис Скопјеоддржуваат  дури 78% од  граѓанитете поддржуваат забрана за пристап до социјални медиуми за деца под 12 години и регулација на пристапот за малолетници до 16 години

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

To top