Македонија

Законот за високо образование нема да се повлече, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на седницата на Собранието посветена на пратеничките прашања од опозицијата рече дека нема намера да ги повлече предложените измени во Законот за високо образование, наспроти поплаките од универзитетите и барањата од опозицијата тоа да го стори.

Универзитетите да отвораат студиски програми, факултети, насоки или специјализации според потребите на пазарот на труд, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговорајќи на пратеничко прашање од пратеникот Халил Слопче, кој на собраниска седница праша зошто средношколци по завршувањето на образованието немаат можности да продолжат да студираат на мајчин јазик на акредитирани студии и дали има стратегија за обезбедување соодветен стручен кадар.

Министерката Јаневска посочи дека новиот Закон за високо образование нуди можности и и тие треба да се искористат во рамки на автономијата на универзитетите.

  • Апелирам универзитетите да отвораат соодветни студиски програми, факултети, насоки или специјализации од кои државата има потреба. Затоа поддржете го Законот за високо образование, за вакви проблеми да не се случуваат во иднина. Универзитетот „Мајка Тереза“ постои 10 години, а Универзитетот во Тетово постои над 20 години. Тие можеле да одлучат да спроведат студиски програми соодветни на потребите на пазарот на труд. А, во однос на средствата вложени во високото образование, сакам да кажам дека државата вложува средства во универзитетите и очекуваме со новиот Закон и новиот начин на финансирање да има повеќе финансирање, одговори Јаневска и додаде дека со оглед на тоа што насекаде се случува во светот, мислам дека сме го фатиле трендот и мора да признаете дека со доаѓањето на оваа власт драстично е зголемен буџетот за образование, за разлика од претходните седум години кога можело повеќе да се инвестира во универзитетите.

Одговарајќи на пратеничкото прашање од пратеникот Халил Снопче, министерката за образование и наука Весна Јаневска нагласи дека во иднина универзитетите низ студиските програми треба што повеќе да се поврзуваат со компаниите, тоа универзитетите не треба да го запоставуваат бидејќи е од корист на науката и стопанството, а ќе биде од корист на учениците, студентите и целото општество.

Опозицијата тврди дека законот премногу се фокусира на административни процедури и ја централизира контролата, наместо да ги решава суштинските проблеми како недоволното финансирање, одливот на млади кадри и слабата поврзаност со пазарот на труд. Костадиновска-Стојчевска на седницата цитираше и дел од забелешките од јавната дебата, во кои се предупредува дека автономијата не е само формула во закон, туку начин на функционирање, како и дека реформата ризикува да остане „реформа на хартија“ без реален ефект врз квалитетот.

Јаневска возврати дека членот 13 од нацрт-законот, според нејзиното толкување, токму ја штити универзитетската автономија, а не ја нарушува, и додаде дека во подготовката учествувале над 60 професори. Таа најави дополнителни консултации пред финалната верзија.

 

 

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top