Македонија

Заменик шефот на дипломатијата се сретна со министерот за Конгоанска дијаспора

Се разговарало за унапредување на билатералната и мултилатералната соработка со африканската земја како и за можностите за партнерство

Заменик шефот на македонската дипломатија Зоран Димитровски се сретнал со министерот за Конгоанска дијаспора, објави заменик министерот.

,,Денес остварив средба со делегираниот министер на Демократска Република Конго задолжен за Франкофонија и конгоанската дијаспора, г. Криспин Мбаду. Разговаравме за унапредување на билатералната и мултилатералната соработка, како и за можностите за партнерство во повеќе области од заеднички интерес”, објави Димитровски кој порача дека двајцата соговорници ја потврдиле важноста на Франкофонијата како платформа за дијалог, солидарност и развој.

На средбата биле разменети мислења и за актуелните регионални и меѓународни прашања.

Најнови вести од: Македонија

To top