Македонија

Започна изборната кампања

1.832.415 гласачи, ќе избираат меѓу 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи

 

На Локалните избори 2025 што ќе се одржат на 19 октоммври има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или вкупно 10 490 кандидати.

Ќе се гласа на 3.480 избирачки места.

Ова се осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и во Град Скопје.

Државната изборна комисија на седница во петокот го заклучи Избирачкиот список на кој се запишани 1.832.415 избирачи.

Право на глас имаат 112.000 избирачи кои се на привремена работа или престој во странство, 2.162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top