Македонија

Започна Вевчанскиот карневал: на сцена маските, сатирата, зетот, невестата, двата ѓавола и Глупавиот Август

Маскирани, вевчанци, на сатиричен начин, зачувувајќи ја речиси 15-вековната традиција, ги прикажувaат случувањата од изминатата година во јавниот и политичкиот живот во Македонија и во светот.

Секоја маска носи порака, став или критика кон општеството, политиката или секојдневниот живот. Се верува дека преку маските василичарите го бркаат злото и прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според јулијанскиот календар, испраќајќи порака за промена на негативните случувања во општеството.

Вевчани денеска и утре ќе личи на театар на отворено, без сценарио и режија организиран од двете василичарски друштва „Горна“ и „Долна маала“ на чело со зетот, невестата, двата ѓавола и Глупавиот Август. Веднаш по нив следуваат другите маски, секоја со своја приказна ќе го привлече вниманието на присутните.


Дефилето започна од почетокот на селото движејќи се низ главната улица до центарот, каде што маскираните го вртат василичарското оро. Потоа ги посетуваат домовите на вевчанци со благослов за здравје и бериќет во новата година, а од домаќините се дарувани со луканци (колбаси), леб, пари и други дарови.

Ноќта, пак, придружувани од другите соселани, одат на Вевчанските Извори, од каде што полнат вода, со која прават кашаник (зелник), во кој се става паричка. Кај оној што ќе се падне паричката, се верува дека ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година.



Утре, на верскиот празник Свети Василиј Велики, одат на имендени во семејствата чии членови го носат името на светецот. Доцна попладнето во центарот на Вевчани се собираат сите василичари, повторно играат оро и ги палат маските со симболика дека злото нема да се повтори. Новата година, според јулијанскиот календар, ќе биде дочекана вечерта со спектакуларен огномет во центарот на Вевчани, а присутните ќе ги забавуваат Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестарот на Златко Миладиновски, оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“ и Перо Бели и групата „Вип“.

Фотографии: Македонска инфоративна агенција – МИА

 

 

Најнови вести од: Македонија

Се унапредуваат условите во ПС Бит Пазар

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, денеска официјално ја пуштија во употреба целосно реновираната конференциска сала во полициската станица Бит Пазар

Соработка меѓу Пустец и Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија” во интерес на македонската заедница

Како прв конкретен чекор од оваа соработка, Здружението започна со директна финансиска поддршка за ангажирање на едно лице, кое хонорарно ќе работи во музејот на познатиот писател Стерјо Спасе во село Глобочани

To top