Македонија

Започнува голема наградна игра во пресрет на вториот роденден на Diamond Mall – главна награда автомобил Geely Cityray

„На наградите им нема крај“

Под мотото „На наградите им нема крај“ од денес започнува наградната игра во Diamond Mall.  Наградната игра го означува почетокот на одбележувањето на вториот роденден на Diamond Mall, а ќе трае сѐ до 26 октомври 2025 година,  месецот кога се одбележува вториот роденден.

Главната награда е најновиот модел на автомобилот Geely Cityray, а дополнително на тоа предвидени се две парични награди во вредност од по 50.000 денари, четири парични награди од по 25.000 денари, осум парични награди во вредност од по 10.000 денари и 10 парични награди во вредност од по 5.000 денари.

За учество во наградната игра е потребен купон, кој се добива за секое купување на производи и услуги во вредност од 1.000 денари, а еден купувач може да учествува со неограничен број на купони.

Пoкрај наградната игра Diamond Mall подготвува и дополнителни изненадувања. Во финална фаза се подготовките за отворањето на најголемиот фитнесцентар, кој ќе ги понуди последните трендови во оваа индустрија, адаптирани според денешниот начин на живот.

Уникатната понуда на Diamond Mall ќе биде збогатена и со новиот бренд Funky Buddha, кој ќе биде вистинско изненадување за сите љубители на урбаниот стил. Планирани се и дополнителни изненадувања и нови содржини кои ќе бидат достапни наскоро.

Diamond Mall официјално беше отворен на 20 октомври 2023 година и со својот уникатен концепт на „лајфцентар стана едно од омилените места за шопинг, дружење и забава. Со површина од 7.000м2, разноликата понуда од едукација и забава за деца и млади во „Зоната на соништата“ (Dream Zone), врвната гурманска понуда во „Гурманската Авенија“ (Gourmet Avenue) и разновидната шопинг понуда, Diamond Mall, станува препознатливо место во градот.

Купоните за учество во наградната игра ќе може да се подигнат на пултот во Diamond Mall, а повеќе детали за наградната игра, ќе најдете на веб страницата https://diamondmall.mk/en/campaign/rodendenska-nagradna-igra .

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top