Македонија

Започнува судењето за серискиот убиец од Куманово

Т.Б. се товари за убиство и два обиди за убиство

Во Основниот суд во Куманово на 9 јули започнува судскиот процес за предметот К бр.368/26, по поднесено обвинение на Основното јавно обвинителство Куманово против 25-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане.

Обвинетиот се товари за четири кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик. Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Предметот во судска постапка ќе го застапува Љубомир Лапе, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Куманово.

Според објавените информации, жртвите биле повозрасни жени, а убиствата се случиле во текот на минатата и оваа година. Вештачењата покажале дека убиствата биле извршени со цел задоволување на полови страсти кон мртвите тела.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top