Македонија

Заврши доказната постапка против Андов, екс директорот на Шутка од СДСМ, судењето продолжува со завршни зборови

Филип Андов – Сокол и уште неколку вработени во затворот се обвинети дека овозможувале спровод на осуденици за приватни потреби. Претходно пред Судот тие изјавија дека не се чувствуваат виновни, додека Обвинителството дел од нив ги гони за злоупотреба на службената положба, а дел за несовесно работење во службата.

По барање на јавната обвинителка денеска во Основниот кривичен суд – Скопје беше одложено судското рочиште против поранешниот директор на Истражниот затвор во Шутка Филип Андов – Сокол и уште неколку вработени во затворот, обвинети за овозможување спровод на осуденици за приватни потреби, пренесе МИА.

На почетокот на денешното рочиште беа доставени листите на докази, со што заврши доказната постапка и судскиот процес требаше да продолжи со изнесување на завршни зборови. Сепак, по барање на јавната обвинителка, рочиштето беше одложено и презакажано за 26 декември.

Како што образложи јавната обвинителка, барањето за одлагање е заради подготовка на завршниот збор, како и поради неодложни обврски во рамки на нејзиното постапување во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). – Барам одлагање заради припрема на завршен збор, воедно имам итна работа во рамките на моето постапување во ОЈО ГОКК кое не трпи одлагање, рече обвинителката.



Најнови вести од: Македонија

И оние што во летната сезона ќе работат во странство ќе мора да платат данок кон УЈП

Голем број македонски студенти кои во изминатите пет години учествувале во програмите за летна работа во Германија (Work & Travel) се соочуваат со неочекувани барања од Управата за јавни приходи (УЈП) за пријавување и оданочување на нивните приходи остварени во странство, пишува инстаграм страницата Студентарија.

To top