Македонија

Завршни зборови на судењето за убиствата на Вања и Панче

Завршно рочиште поврзано со грабнувањето и суровите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски ќе се одржи денеска во Основниот кривичен суд во Скопје. На рочиштето, завршни зборови ќе даде Јовица Страшевски, адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски, а потоа ќе се изјаснат и обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев, како и таткото […]

Завршно рочиште поврзано со грабнувањето и суровите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски ќе се одржи денеска во Основниот кривичен суд во Скопје.

На рочиштето, завршни зборови ќе даде Јовица Страшевски, адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски, а потоа ќе се изјаснат и обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Обвинителството побара најстроги казни – доживотен затвор за четворицата обвинети за киднапирање и убиство, а соодветна затворска казна за таткото на Вања, кој е обвинет за помагање при грабнувањето на своето дете.

Одбраната, во своите излагања, наведе дека дел од обвинетите немале договор за извршување на убиствата и затоа побара нивно ослободување или, доколку судот не ги ослободи, да бидат осудени само за киднапирање.

За таткото на Вања, адвокатите потенцираа дека не постојат докази или мотив кои би потврдиле негова вина, истакнувајќи дека тој сам е жртва во трагедијата.

Доколку денешните завршни зборови се одржат според планот, се очекува судот наскоро да ја соопшти пресудата на следното рочиште.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top