Македонија

Збогум за свидетелствата – в година учениците ќе добиваат електронски оценки

Свидетелствата заминуваат во историјата, од следната учебна година тие ќе се издаваат по електронски пат, најави министерката за образование, Весна Јаневска.

Од наредната учебна година место печатени, свидетелствата од завршени одделенија во основните училишта ќе бидат во електронска верзија и дигитално ќе бидат преземани од средните училишта во кои учениците ќе се пријават за упис. Министерката за образование, Весна Јаневска вели дека во овој момент тоа е овозможено преку системот е-дневник, но ќе почне да се применува од идната година откако населението ќе биде повеќе информирано и подготвено за овој дигитален процес.

  • „Децата и родителите де факто и немаат потреба да го имаат свидетелството во раце освен што тоа е некаков начин да се дружат, да се пофалат, да се израдуваат, па некои и да се разочараат и да вложат повеќе труд“, вели таа. 

Во однос пак, на уписите на средношколците, кои ќе дознаат дали се примени во посакуваните училишта по вториот уписен рок, Јаневска кажа дека ја радува податокот што и оваа година има голем интерес за стручните училишта.

Измената нема да се спроведе од годинава затоа што голем број ученици и родители не знаат како тоа да го направат, особено во рурални средини каде нема опрема и интернет.

  • „Дигиталната писменост треба да се поткрене на повисоко ниво. Очекувам дека следната година барем над 90 проценти ќе може да се заврши така, иако системот и сега е подготвен за тоа“,  рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања на настан во Македонската банкарска асоцијација. 

Средните училишта, откако електронски ќе се пријават учениците, по електронски пат ќе може да ги повлечат сите свидетелства, за да го проверат успехот на ученикот. Исто така и факултетите електронски ќе можат да ги повлечат свидетелствата од средното образовани, при упис на нови студенти.

Инаку, според податоците на Министерството за образование собрани од училиштата, за второто јунско пријавување има над 16.000 слободни места за упис на ученици, од кои над 12.000 се за стручно образование, а речиси 4.000 за гимназиско.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): „Приказна што спојува генерации“: „Алкалоид“ со промотивно видео како дел од 90-годишниот јубилеј

„Алкалоид“ годинава одбележува 90 години постоење, а како дел од активностите по повод одбележувањето на големиот јубилеј компанијата на своите профили на социјалните медиуми објави промотивно видео во кое низ семејна приказна ги поврзува минатото и сегашноста.

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

To top