Македонија

Зеленски на Кралот Чарлс III му подарил „воен“ Ајпад

За да можел британскиот крал да ја следи ситуацијата на фронтот во Украина во реално време

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на својот говор во британскиот парламент изјави дека му подарил на британскиот крал Чарлс III iPad, со кој може да се следи ситуацијата на фронтот во реално време.

Ова е знак на почит и благодарност, како и за зајакнување на нашите врски со Велика Британија, рече Зеленски.као што пренесува „Украинска правда“

„Сега имам доказ дека развојот на безбедносните системи може да се спроведе брзо и да чини помалку од старите одбранбени системи“, рече Зеленски.

„Ова е iPad со софтвер што ни овозможува да ја контролираме нашата безбедност во реално време“, рече украинскиот претседател.

„Имаме такви „iPad“-и: еден со мене, еден со нашиот премиер, еден со министерот за одбрана, а исто така и со нашите врвни воени команданти. Ова ни овозможува да ја видиме ситуацијата на фронтот во Украина, па дури и секој убиен непријател со видео докази“, додаде Зеленски.

„Неговото Височество ме праша: „Дали имате уште еден iPad?“ Јас одговорив дека ми остана само мојот личен и не можам да му го дадаам, изја.

А, Неговото Височество одговори дека ќе го споделам со премиерот“, рече украинскиот претседател.

Најнови вести од: Македонија

Макрадули по исклучувањето на Шилегов: Партијата не е за тивко климање со глава

Поранешниот функционер на СДСМ и некогашен министер, Јани Макрадули, се огласи по исклучувањето на Петре Шилегов од партијата и отворениот судир во редовите на СДСМ, повикувајќи на разум, зрелост и внатрешен дијалог наместо на поделби и раслојување.

Од Англија до кланица: Ѓурчевски за коњската идеја на Фрчковски (ВИДЕО)

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, во гостувањето во емисијата „Претрес со Ландов“ изнесе остри критики за одлуките во полицијата од 90-тите години, со посебен фокус на времето кога министер за внатрешни работи беше Љубомир Фрчковски.

Собранието денеска треба да избере нов државен јавен обвинител

Ненад Савевски, кој во моментов е судија во Основниот кривичен суд Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, по спроведената постапка во која се пријавија петмина кандидати. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски

To top