Македонија

Облачно, студено, дожд, а на планините и снег

Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка и Крушево и на планинските премини Стража, Буково и Ѓавато

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка и Крушево и на планинските премини Стража, Буково и Ѓавато. Според информациите од Јавнот претпријатие „Македонија пат“ сите патни правци се проодни.

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози, а внимателно возење се препорачува особено низ клисурите каде е можна појава од одрони.

Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, во делови од котлината ќе има слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 4 степени наутро, до 13 степени преку денот.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо.

Утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, на планините и на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да преминуваат во снег.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top