Македонија

Желба за власт и патолошка омраза кон ВМРО-ДПМНЕ ги спојува СДСМ, ДУИ и Левица

Тројната коалиција ја враќа државата назад, рече Мицкоски

„Изборите се можност да испратиме порака, да можат граѓаните да почувствуваат во која насока ќе се движи државата, во која насока Владата ќе ги води политиките на централно ниво. Но истовремено да слушнете кога станува збор за локални избори, кој е правецот и насоката во која што ќе оди вашата општина“.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на народниот митинг во Дојран.

-На овие избори имаме две опции, трета опција нема. Едната опција е полуформална, на моменти неформална, а по својата суштина длабоко формална коалиција во која членуваат партии кои се здружиле поради две основни цели – желбата за власт и патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица. Се осојузиле Венко, Али и Димче затоа што власта им е помила од се во животот, па и од принципите, но и од патолошката омраза која ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ, толку силна што успеа да ги премости сите нивни разлики. Втората опција е коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Тој посочи дека кога граѓаните ќе ги анализираат овие две опции, ќе дојдат до неколку заклучоци.

-Првиот заклучок е дека првата опција на коалицијата со слоган „Се бориме за нашиот дом“, јасно потсетуваат дека имаа 7 години Влада во Македонија, 7 години можност да се борат за нашиот заеднички дом, нашата татковина Македонија. Освен што направија голем пустош, ја ограбија Македонија и граѓаните, ја распродадоа државата, друг спомен од тие години, не можеме да се сетиме, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети и на говорот на еден од претходните претседатели на СДСМ од собраниската говорница, што посочува како СДСМ коалицира со Левица одамна, и ова нема да им биде прв пат. Според него, ова е коалиција што државата ја враќа назад во времето.

„Ќе ве потсетам на она излагање на тогашниот претседател на СДСМ, и тогашен претседател на владата, Зоран Заев, во македонското Собрание, кога му се обраќаше на тогаш пратеникот и претседател на Левица, Димче Апасиев и кога му рече: ,,Нели се договоривме јас и ти пред изборите, јас да ти обезбедам ресурси, а ти да работиш против ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, и ако освоиш пратеник, после изборите да коалицираме, и на тој начин да ја спасиме Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски?“. тоа го кажуваше тогашниот претседател на Владата, кон својот сокриен коалиционен партнер, Димче Апасиев, пратеник во македонското Собрание и претседател на политичката партија Левица“, кажа Мицкоски и додаде:

„Затоа денес, било кој, ако има било каква дилема, дали оваа тројна оска функционира, не треба да има. Делата сами говорат, делата сами ни го оцртуваат патот по кој што тие би не воделе. Со еден збор, тоа е коалиција која што не враќа назад во времето. Времето на грабежот, времето на националните понижувања, времето на предавствата, времето кога граѓаните чувствуваа длабока болка, затоа што сите одеа напред, а ние не само што стагниравме, туку на моменти и се враќавме назад“.

Најнови вести од: Македонија

Савевски: Нема веќе да има „предмети во фиока“

Она што јас сакам да направам е да гарантирам радикална отчетност и транспаретност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител непречено да си ја врши својата работа на еден ефикасен и достоинствен начин, вели Савевски кој денеска во Собранието треба да биде избран за нов државен јавен обвинител

Макрадули по исклучувањето на Шилегов: Партијата не е за тивко климање со глава

Поранешниот функционер на СДСМ и некогашен министер, Јани Макрадули, се огласи по исклучувањето на Петре Шилегов од партијата и отворениот судир во редовите на СДСМ, повикувајќи на разум, зрелост и внатрешен дијалог наместо на поделби и раслојување.

Од Англија до кланица: Ѓурчевски за коњската идеја на Фрчковски (ВИДЕО)

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, во гостувањето во емисијата „Претрес со Ландов“ изнесе остри критики за одлуките во полицијата од 90-тите години, со посебен фокус на времето кога министер за внатрешни работи беше Љубомир Фрчковски.

Собранието денеска треба да избере нов државен јавен обвинител

Ненад Савевски, кој во моментов е судија во Основниот кривичен суд Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, по спроведената постапка во која се пријавија петмина кандидати. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски

To top