Македонија

Зошто довербата во судско-обвинителските институции е на многу ниско ниво?!

Довербата во судско-обвинителските институции е на многу ниско ниво, затоа потребни се сериозни законски измени, но тоа да биде согласно Устав, велат универзитетски професори. Ова е само една од точките на која се дебатираше во МАНУ, но и за предлог-Законот за судски совет, каде на иста маса седнаа истакнати правници, професори, академици, суидии. Академик Владо […]

Довербата во судско-обвинителските институции е на многу ниско ниво, затоа потребни се сериозни законски измени, но тоа да биде согласно Устав, велат универзитетски професори. Ова е само една од точките на која се дебатираше во МАНУ, но и за предлог-Законот за судски совет, каде на иста маса седнаа истакнати правници, професори, академици, суидии. Академик Владо Камбовски смета дека за избор на судии, обвинители мора да бидат истакнати искусни правници со интегритет кои не би го извалкале својот углед.

Членовите кои се бираат во Собранието и по предлог на претседателот на државата ќе поминат јавни интервјуа. Освен овој закон, реформаската агенда вклучува и пакет закони за јавното обвинителство, судови и судскиот буџет. Една од препораките на ЕУ е да судството да има независен буџет за да спречат политичките влијанија.

Со новиот закон за Судски совет треба да се надминат недостатоците, да се утврдат рокови за постапување на советот, прецизни критериуми со поимот „истакнат правник“, како и процедури за разрешување на претседател на Советот, велат професорите.

На вакви високи позиции мора да се бираат луѓе со интегритет и искуство, а тоа ќе значи и брана за влез на политиката во судството, што во никој случај не смее да се практикува. Дека се потребни сериозни реформи смета и експертската фела.

Пред три месеци, парламентарното мнозинство во Собранието ги изгласа интерпелациите на петтемина членови на Судскиот совет. Сепак, гласането на нивната недоверба не значи и автоматски оставки. За заминуваньето од функциите одлучат самите, а така налага и законот за судски совет. Членовите рекоа дека нема основа за оставки, оти не го прекршиле Законот.

 

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top