Македонија

Зошто менталното здравје на младите е заглавено помеѓу стигма и тишина?!

Зголемена анксиозност кај населението по ковид: бројки кои загрижуваат. Истражувањата спроведени по ковид-19 пандемијата покажуваат алармантни податоци – повеќе од една третина од возрасното население изјавило дека чувствува зголемен стрес, анксиозност или несигурност, а секој четврти пријавил симптоми на депресија.

Во последните години, менталното здравје на младите станува тема од сè поголема важност, но и алармантна реалност. Истражувањата укажуваат дека значителен процент од младите во Македонија се соочуваат со депресија, анксиозност и осаменост, додека пристапот до психолошка поддршка е сè уште ограничен и недоволно системски поддржан.

Социјалните мрежи, академскиот притисок, економската несигурност и недостигот на безбеден простор за изразување се само дел од факторите што ја влошуваат психичката благосостојба. И покрај постоењето на стратегии и закони, нивната реална примена во институциите е слаба. Психолозите во училиштата се недостапни, младите често се срамат да побараат помош, а темата ментално здравје сè уште се третира како табу.

Невротските, стрес-поврзаните и соматоформните растројства се најзастапени во амбулантската психијатриска грижа во Македонија, сочинувајќи повеќе од 60% од сите евидентирани случаи. Веднаш зад нив се растројствата на расположението со 13,6%, а потоа следи шизофренијата со 6,3%.

Според податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен по повод Светскиот ден на менталното здравје, 10 октомври, младите претставуваат особено чувствителна група. Истражувањата по ковид-пандемијата откриваат дека секој трет адолесцент пријавува симптоми на анксиозност или депресија, што укажува на сериозно и долготрајно влијание на кризата врз нивната психолошка состојба.

Зголемена анксиозност кај населението по ковид: бројки кои загрижуваат. Истражувањата спроведени по ковид-19 пандемијата покажуваат алармантни податоци – повеќе од една третина од возрасното население изјавило дека чувствува зголемен стрес, анксиозност или несигурност, а секој четврти пријавил симптоми на депресија.

Најпогодени се жените, лицата со хронични болести и оние кои изгубиле близок или работа. Дополнително, нарушени се секојдневните навики – сон, исхрана и физичка активност – што уште повеќе ја нарушува психолошката стабилност.

Во последната деценија, во Македонија се евидентираат околу 6.000 болнички случаи годишно поврзани со ментални и бихевиорални растројства. Најчести дијагнози се шизофренијата (26,9%) и растројствата од употреба на психоактивни супстанции (24,2%). Иако сериозните нарушувања се застапени во болничките услови, во амбулантските услуги и натаму доминираат полесни, но многу почести состојби поврзани со стрес, анксиозност и расположение.

  • „Најчести дијагнози се шизофренијата и сродните растројства (26,9%), како и растројствата предизвикани од употреба на психоактивни супстанции (24,2%). Во амбулантските услуги доминираат невротските, стрес-поврзани и соматоформни растројства, кои сочинуваат над 60% од сите случаи, следени од растројствата на расположението (13,6%) и шизофренијата (6,3%)“, стои во последниот извештај на ИЈЗ.

Ограничен пристап до ментално-здравствени услуги e хроничен проблем. Иако бројките алармираат, пристапот до услуги за ментално здравје во Македонија останува недоволен – особено во руралните средини. Дел од здравствените установи се соочуваат со недостиг на стручен кадар, инфраструктурни проблеми и нерамномерна распределба на ресурси.

Институтот за јавно здравје предупредува дека е потребно системско јакнење на менталното здравје преку развој на мобилни тимови, онлајн психолошка поддршка и вклучување на менталното здравје во сите јавни политики, особено во образованието, трудот и социјалната заштита.

  • „За унапредување на менталното здравје на национално ниво, потребно е јакнење на превенцијата, развивање мобилни тимови и услуги за ментално здравје на далечина (онлајн психолошка поддршка), како и вклучување на менталното здравје во сите јавни политики, од образованието и трудот до социјалната и младинската заштита. Клучен приоритет е зголемувањето на буџетските вложувања во оваа област, насочени кон превенција, континуирана едукација на здравствените и социјалните работници и намалување на стигмата и дискриминацијата преку јавни кампањи што ја промовираат важноста на грижата за менталното здравје и позитивните примери на закрепнување“, стои во објавата на ИЈЗ.

Младите се најранлива група, неопходна поддршка во училиштата. Истражувањата покажуваат дека младите, особено адолесцентите, се меѓу најпогодените од психолошките последици на пандемијата. Речиси секој трет тинејџер пријавил симптоми на депресија или анксиозност, што укажува на потребата од системска психолошка поддршка во училиштата и младинските институции.

Во извештајот се нагласува потребата од зајакнување на стручните служби во образовните установи, со вклучување на психолози, педагози и социјални работници. Дополнително, се препорачува имплементација на програми за ментално здравје кои ќе им помогнат на учениците да развијат здрави механизми за справување со стрес и емоционални предизвици.

Најнови вести од: Македонија

Ошлис: Македонецот Наум Охридски е само европски просветител, но и дипломат, а Европа ако ја изгуби Македонија, набргу ќе се изгуби и саматата себеси! (3)

Големиот германски македонист проф.д-р Волф Ошлис силно ја застапува македонската историска перспектива и нагласува дека дејноста и традицијата на Свети Наум Охридски е дел од македонското јазично-културно и просветителско наследство. Во своите истапувања на Меѓународниот семинар за македонски јазик и култура во Охрид во изминатите години Ошлис ја ја аргументирал повеќе пати својата констатација дека Наум е еден од основноположниците на македонската култура, јазик, религија и наука, без никаква врска со други народи во Балканот. Во својот научен труд со наслов „Македонецот Наум Охридски и Германецот Регино фон Прим како европски дипломати“ Ошлис, дури, го означува македонскиот просветител и како еден од првите и тоа врвни европски дипломати, поради развиените контакти, што ги имал со тогашните владетели и видните личности од нивните царски дворови, во рамки на своето учество во тогашната Моравска мисија на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј, започната во 863 година меѓу народите во Средна Европа.

„СДК“: На „Маркова нога“ ќе се обнови спомен-плочата за седумте младинци од Лерин, ѕверски убиени на 17.1.1944 од бугарскиот фашистички окупатор

„На седумте младинци борци од Лерин, ѕверски убиени на 17 јануари 1944 година од бугарскиот фашистички окупатор“, пишува на спомен-плочата на граничниот премин Маркова Нога. Повторното отворање на граничниот премин Маркова Нога во Преспа ќе нема само политичко, и економско начење. Преминот ќе биде и место за историско сеќавање бидејќи непосредно до него, на македонската страна, се наоѓа спомен-плочата за седумте младинци од Лерин кои беа измачувани и убиени од фашистичките сили за време на Втората светска војна, објави информативниот портал „СДК“.

Монах Амвросиј: Свети Наум ја градеше душата на древниот македонски народ, кој стои со својот идентитет во темелите на европската цивилизација! (2)

„Во тишината на бреговите на Охридското Езеро манастирот ‘Свети Наум’ со векови ја чува духовната светлина на македонскиот народ.  За да ја разбереме духовната мисија на манастирот ‘Свети Наум’ денес мораме да погледнеме во длабочината на нашиот историски и духовен континуитет. Кога Свети Наум го основал овој манастир во 905 година на брегот на Охридското Езеро, тој не градел само ѕидови, туку ја градел душата на еден народ. Ова свето место не е само нем споменик од минатото, туку жива лулка, во која пулсираат македонскиот идентитет и нашата национална меморија. Манастирот ‘Свети Наум’ е жива историска енциклопедија, во која е впишан целиот македонски национален и духовен код. Овде не се вкрстувале само патиштата на обичните луѓе, туку овде се кршеле копјата на најголемите империи, а манастирот секогаш останувал исправен како светилник на нашата самобитност. Затоа, манастирот ‘Свети Наум’ не е само историја. Тој е жив доказ дека еден народ, што го изградил својот идентитет врз писменост, вера и манастирска непокорност, никогаш не може да биде избришан од мапата на светот!“ – нагласува во интервју за „Нова Македонија“ монахот Амвросиј, жител на ова свето место и моментно студент на Московската духовна академија.

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за изборниот закон

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека очекува во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како и во декемврискиот. Тој уште еднаш повика на разговори со опозицијата за Изборниот законик, за што кажа дека се уште има шанса да биде донесен и да биде исполнет и десетиот чекор од зададениот грејс период.

Денес се одбележуваат великото дело и личноста на Свети Наум Охридски, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост (1)

Денес Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и сиот македонски народ, не само оние, кои се православни христијански верници, го одбележуваат црковно-народниот празник, посветен на личноста и великото дело на Свети Наум Охридски – Чудотворец, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост и просвета, заедно со светите браќа Кирил и Методиј, како и со Св. Климент. Свети Наум Охридски останува запаметен како исцелител и просветител на македонскиот народ, но како и заштитник на манастирот „Св. Наум“ во Охрид. Охридската книжевна школа, како најстара средновековна македонска книжевна школа, е формирана во 886 година од Свети Климент Охридски. Во 893 година на Климент му се придружува Свети Наум Охридски, откако Климент е назначен како епископ. Во рамките на Охридската книжевна школа биле обучени повеќе од 3.500 ученици и таа одиграла клучна улога во описменувањето, како и во ширењето на македонската и словенската писменост и култура.

Најнови вести

To top