Регион

,,Многу врева за ништо” или не многу добри вести од Брисел за проширувањето на ЕУ

Вчерашниот за Балканот историски состанок на ЕУ оценет како ,,многу врева за ништо” односно дискусија која ниту била долга ниту решила нешто

Експертот за ЕУ интеграции од ЕСИ-Берлин, Ади Керимагиќ, како незадоволителни го оценува вчерашното мало внимание од Советот на ЕУ за темата проширување во целина. Исто така смета дека е прилично слаб вордингот за случајот на Црна Гора, што ги намалува очекувањата за нејзино брзо зачленување.

Неговиот заклучок е оти навидум изгледа дека официјален Загреб е тој што ја блокира Црна Гора, но позади сцената се чини дека други престолнини се исто така задоволни што Хрватска е спремна да биде лошиот полицаец кон Подгорица.

Синоќа, по четиримесечно чекање, Европскиот совет конечно одржа „стратешка дискусија за идните чекори во однос на проширувањето и внатрешните реформи“.

Малкумина на Западен Балкан внимателно следеа. Но, оние што следеа – граѓани и политичари, како оние кои сакаат нивните земји да станат дел од ЕУ, така и оние кои се сомневаат дека тоа некогаш ќе се случи – чекаа одговор на едно прашање: што ќе направат лидерите на ЕУ со кандидатурата на ЦрнаГора за членство?

Нејзината влада има за цел да ги заврши преговорите за пристапување до крајот на оваа година, да го финализира и потпише договорот за пристапување во првата половина на 2027 година, а да стане членка во 2028 година, пишува Ќеримагиќ кој наведува дека од Белград, преку Скопје, па сè до Сараево, сите гледаат кон Црна Гора, и тоа од две причини:

Првата е дали ЕУ воопшто ќе се проширува. Втората е дали пристапувањето навистина ќе ја промени земјата: не само нејзините закони и институции, туку и секојдневниот живот на нејзините граѓани.

Ќеримагиќ смета дека а, што се случи синоќа се случило ,,многу врева за ништо” односно имало дискусија која не била особено долга и која не решила ништо.

Според него очекуваната експлицитна поддршка за целта на Подгорица да ги затвори сите поглавја до крајот на годината беше преточена во вообичаената формулација на ЕУ.

Таа била доволно нејасна за да може да се протолкува како некаков вид поддршка, но истовремено и како нејзино отсуство. Истото се случило и со очекуваниот нагласок на итноста околу изготвувањето на договорот за пристапување:

„Европскиот совет… ја поздравува тековната работа на изготвување на договорот за пристапување… и ја зема предвид намерата на ирското претседателство со Советот да работи на привремено затворање на преостанатите преговарачки поглавја…“

Медиумите во Хрватска му ја припишуваат заслугата на сопствената влада за вака ублажената формулација. Всушност, некои други главни градови едноставно беа задоволни што Загреб беше подготвен да ја преземе вината врз себе, анализира експертот на ЕСИ.

Како што и се очекуваше, голем дел од фокусот во заклучоците бил ставен на потребата „да се унапреди внатрешната работа и реформите на ЕУ, да се дефинираат долгорочните амбиции и начините за нивно остварување, како и да се разгледаат клучните прашања поврзани со приоритетите, политиките и капацитетот за дејствување на Унијата“.

Во таа насока, претходно овој месец, Комисијата го објави своето долгоочекувано соопштение „Подготовка за поширока Унија“. Синоќа, шефовите на држави и влади на ЕУ „го зедоа предвид“ овој документ и ги повикаа своите министри „да ги анализираат сите аспекти и, врз основа на таа анализа, да продолжат со работата“.

Според Ќеримагиќ во следните чекори на почеток на ноември се очекуваат извештаите за земјите-кандидати, како и патокази (кои веќе предизвикуваат контроверзии во некои главни градови на ЕУ) во кои се утврдени преостанатите задачи и роковите за четирите земји што предничат во процесот: Црна Гора , Албанија Украина и Молдавија.

По нив се очекува продолжување на работата на затворање на поглавјата со Црна Гора, решавање на билатералните прашања покренати од Загреб, изготвување на договорот за пристапување, а потоа и усвојување на заклучоците на Советот и на Европскиот совет во декември, кои традиционално се подетални.

Според анализата на Ќеримагиќ се отежнува целта преговорите на оваа земја кандидат да бидат завршени до крајот на годинава, анализира потпретседателот на македонското собрание Антонио Милошоски.

Најнови вести од: Регион

Факт е дека Ива Михајлова избегала од правдата во Македонија

Секој разумен човек ќе се согласи дека тоа што некој е Бугарин не значи автоматски дека е виновен, но исто така не значи автоматски ниту дека е невин! Така ли е?! Или… сè додека Бугаринот е во Македонија, тој е секогаш во право и е невин?!

To top