Регион

Бојко Борисов се закани дека ќе ја урне владата на Жељасков

По слабиот резултат на предвремените локални избори во Пазарџик, каде ГЕРБ заврши на шесто место, лидерот Бојко Борисов побара радикални промени во сите сегменти на бугарската власт

По слабиот резултат на предвремените локални избори во Пазарџик, каде ГЕРБ заврши на шесто место, лидерот Бојко Борисов побара радикални промени во сите сегменти на бугарската власт. Тој инсистира на „реформа“ во составот на кабинета, од кој се повлекува и бара од премиерот Росен Жељазков да преземе строги мерки кон коалициските партнери. Борисов навести можност за нова коалициска конфигурација со изјавата „Пеевски не е во владата – или треба официјално да влезе. Што и да кажат таму на Заедничкиот совет за управување (ЗСУ), јас ќе проценам за ГЕРБ дали е правилно или не“. Дељан Пеевски од ДПС – Нов почеток веднаш одговори дека е спремен за дискусии и очекува официјална покана.

Промените во коалициското партнерство најверојатно ќе се одразат и врз позицијата на претседателката на парламентот, Наталија Киселова. Борисов бараше нејзино отстранување, што го поддржа и Пеевски, кој смета дека местото треба да го добие ГЕРБ.

„Дали гледате некаква корист од останувањето во таква влада? Дадов збор дека ќе останам. Но, ако останеме, ќе останеме само формално. Повеќе нема да им даваме кворум“, се закани синоќа Борисов, во лут монолог до премиерот Росен Жељазков, вицепремиерот Томислав Дончев и пратениците од партијата. Наскоро потоа, премиерот Жељазков, кому Борисов му вети „слобода на дејствување“, го отмени планираниот владин состанок за среда. „БСП, ИТН, Нов почеток од една страна ќе дојдат, ќе нè прашаат. Не знам дали министрите ќе останат, но тоа е ваш личен избор. Бидејќи јас дадов збор дека нема да бидеме првите што ќе ја раскинат коалицијата. Нема да ја раскинеме, но нема да останеме вака. Секој ден треба да објаснуваат Борисов-Пеевски. Што има Борисов со оваа влада, нели? Затоа што им е профитабилно. Пеевски не е во владата. Или официјално треба да влезе… Јас ќе судам за ГЕРБ дали е правилно или не. Тоа воопшто не ми се допаѓа. Затоа премиерот треба да се стегне, да се реформира, вклучувајќи го и претседателот на Народното собрание. Не можеме да го направиме тоа. Една година – тоа им е доволно“, објави Борисов, а кратко потоа, во вид на координиран одговор, Пеевски потврди дека е подготвен за учество во владата. Борисов пак порача дека не виде место за ГЕРБ во ваква коалиција и дека „ние сме шести (во Пазарџик), повеќе не носам никаква одговорност“. Во својот гневен настап, тој ги повика другите парламентарни сили да се здружат и да одлучат дали можат да продолжат без „шестата партија“, мислејќи на ГЕРБ.

Најнови вести од: Регион

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: Нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир, што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. Тој истакна дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество, која треба да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Кога стартува ЕТИАС и што значи тоа за македонските граѓани?!

Македонските граѓани кои планираат патувања во земјите од Европската Унија наскоро ќе соочат со уште една нова административна процедура пред да тргнат на пат. По пристапувањето кон Влезно-излезниот систем на ЕУ (EES), вниманието на јавноста и патниците од регионот се насочува кон ЕТИАС (ETIAS) – електронскиот систем за овластување за патување, наменет за сите државјани […]

Најнови вести

To top