Регион

Бугарија гради два нови центри за мигранти

Се разгледува можноста центрите за мигранти од затврен тип да бидат лоцирани во помали општини, со цел да се обезбедат нови работни места за локалното население

 

Бугарија ќе изгради два нови затворени центри за сместување на мигранти до крајот на 2026 година и почетокот на 2027 година.

Ова е неопходно поради одредбите од новиот Пакт за миграција и азил на Европската Унија, кој ќе почне да се применува од 12 јуни оваа година за сите земји-членки, објави за Бугарското национално радио (БНР), претседателот на Државната агенција за бегалци Иван Иванов.

Тој објасни дека се разгледува можноста центрите за мигранти да бидат лоцирани во помали општини, со цел да се обезбедат нови работни места за локалното население.

„Во однос на инфраструктурните услуги и барањата на пактот, Бугарија има обврска да изгради 2 нови центри од затворен тип. Моментално ја проучуваме локацијата – каде можат да се градат овие центри. Сметам дека е соодветно да бидат во помали населби“, рече Иванов.

Според неговите зборови, „луѓето не треба да се плашат, бидејќи тие ќе бидат од затворен тип, односно луѓето што ќе бидат внатре – бегалците – нема да имаат пристап надвор од овие центри“.

„Нема услов тие да бидат во близина на границата, но мојот став е дека е добро тие да бидат во круготпоранешни касарни што ги користела бугарската армија, кои во моментов се имоти без потреба. И да бидеме искрени – овие имоти се напуштени, па можат да се користат соодветно“, рече и шефот на агенцијата за бегалци.

Најнови вести од: Регион

Брнабиќ до студентите: Ако не ви се допаѓа Србија, одете во Хрватска…

Тврди дека „блокаторите“ имаат најголема поддршка од Загреб и додаде дека Хрватска јасно го декларирала својот стратешки интерес – претседателот Александар Вучиќ да не биде на чело на Србија

Брнабиќ: Пристапот на ЕУ кон Македонија е крајно неправеден

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, на меѓународната безбедносна конференција ГЛОБСЕК во Прага предупреди дека пристапот на Европската унија кон Северна Македонија е крајно неправеден и сериозно го поткопува кредибилитетот на Унијата.

Стотици граѓани во Македонија не знаат дека боледуваат од ATTR-CM

Cмртоносна болест на срцето со години останува непрепознаена – дијагнозата се чека и повеќе од четири години
Фокусот на кардиолошките стручњаци е насочен кон навремено препознавање на симптомите, бидејќи без лекување заболените умираат во рок од четири години од поставувањето на дијагнозата

„Кој си бре ти?“ Александар Вучиќ најави интернет-портал за поплаки од граѓаните

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека наскоро ќе отвори портал преку кој граѓаните ќе можат да се пожалат на однесување на „арогантни“ функционери. Вучиќ рече дека порталот ќе се вика „Кој си бре ти?“

Најнови вести

To top