Регион

Бугарија почна да ги проверува засолништата од бомби

Како најголемо засолниште од ваков тип во земјата, стручњаци го посочуваат метрото во Софија, со над 50 километри тунели

Бугарските власти започнаа со прибирање информации за бројот и состојбата на засолништата од бомби, поради растечки безбедносни тензии во регионот, пишува српски „Телеграф“. Во таа насока, регионалниот управител на Варна побарал преглед на капацитетите и техничката исправност на засолништата на територијата на регионот, со цел да се добие појасна слика за нивната употребливост во евентуална вонредна состојба.

Според наводите во текстот, низ државата постојат повеќе објекти што историски биле наменети за заштита на населението, но клучното прашање е во каква состојба се денес. Како пример се посочува подземен бункер во софискиот округ Лозенец, за кој се наведува дека последен пат бил користен за време на Втората светска војна, а со години е запуштен.

Во описот на објектот се споменуваат коридори со ознаки кон различни простории, како и остатоци од канализациски и вентилациски системи. Се наведува дека просторот е обемен, со два влеза и повеќе простории што личат на менза, санитарии и работни простории, додека доминантни се долгите ходници.

Градоначалникот на округот, Константин Павлов, ја нагласува неизвесноста околу реалната функционалност на ваквите објекти, иако оценува дека би можеле да примат неколку стотини луѓе – но дека прашањата за вентилација и осветлување би морале да се решат пред евентуална употреба. Во истиот контекст се споменува и идеја бункерот во иднина да се пренамени во културен простор.

Како најголемо засолниште од ваков тип во земјата, стручњаци го посочуваат метрото во Софија, со над 50 километри тунели. Според изјавата на директорот на Метрополитен, во случај на вонредна состојба би се користеле не само пероните, туку и тунелите, при што капацитетот би зависел и од конкретните потреби на луѓето што би се згрижувале.

Се наведува и пример од Благоевград, каде еден од бункерите се наоѓа под станбена зграда и е изграден во 1960-тите. Новинар кој живее над објектот тврди дека со години никој не влегол во него и дека останал заклучен, иако во минатото бил предмет на одредени адаптации и опремување.

Според податоци што се цитираат во текстот, во Бугарија има 247 засолништа во состојба што овозможува употреба. Од нив, 18 се оценети како технички добри и подготвени за итна употреба, додека 229 се во задоволителна состојба и би можеле да се доведат во подготвеност во рок од една недела.

 

Најнови вести од: Регион

Иран ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја нападне, оти е „агресија тоа што САД користи нејзини воени бази“!

Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, која е членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран и ѝ порача дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад.

„Сан“: Албанците најбројни странци во британските затвори – сега ги има 940, главно дилери на кокаин

Во последните три години само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорено било префрлање 200 лица.

Салвини: Италија нема да прифаќа мигранти, вратени од Германија!

Италија во догледна иднина нема да ги прифаќа мигрантите коишто Германија сака да ѝ ги врати и покрај новите правила на Европската унија, изјави во саботата италијанскиот вицепремиер Матео Салвини.

To top