Регион

Бугарска работа: Шоферот да се одмори, а другите нека чекаат! (ВИДЕО)

Во Софија, на еден од централните семафори среде ден, се одигра вистинска сообраќајна комедија: шоферот, очигледно исцрпен од градскиот метеж, решил дека црвеното светло е најдоброто време за краток одмор.

Во Софија, на еден од централните семафори среде ден, се одигра вистинска сообраќајна комедија: шоферот, очигледно исцрпен од градскиот метеж, решил дека црвеното светло е најдоброто време за краток одмор.

Па така, мирно затворил очи и заспал длабоко – како да е во кревет, а не зад воланот.

Зад него се собрала колона возила, сирените бесно свиреа, нетрпеливите возачи го бомбардираа со свирки и гласни реакции, а тој… ни да мрдне.

Класичен бугарски стил: кога уморот е посилен од се, а трпението на другите не е никаков проблем. Светот може да чека, паузата е свето право.

Додека кај нас барем се трудиме да останеме будни на семафор, таму очигледно сметаат дека две-три минути дремка не се прекршок, туку заслужен одмор.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

Најнови вести

To top