Регион

Четворица Албанци уапсени во Србија поради провокации со „Голема Албанија“

Инцидентот се случил на годишнината од почетокот на бомбардирањето на СР Југославија од страна на НАТО во 1999 година.

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија уапсиле четири државјани на Албанија поради сомнение дека сториле кривично дело „поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост“.

Според соопштението на српското МВР, еден од осомничените објавил видео на својот Фејсбук профил во кое се гледа како во автомобил „Ауди“, заедно со останатите тројца, вози по автопат низ Србија.

Во видеото тие на провокативен начин ги прикажуваат симболите на „Голема Албанија“, а вербално ја споменуваат Република Србија во крајно негативен и навредлив контекст.

Инцидентот се случил на годишнината од почетокот на бомбардирањето на СР Југославија од страна на НАТО во 1999 година.

На четворицата осомничени им е определен притвор во траење до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство во Белград, Специјално одделение за борба против високотехнолошки криминал.

Најнови вести од: Регион

Камионџиите од Босна и Херцеговина на протест, бараат решавање на проблемите

Министерството за комуникации и транспорт на Босна и Херцеговина мора да ги спроведе сите 17 договорени мерки во целосна координација со министерствата на ентитетите без одложување. Конзорциумот истакнува дека роковите за дејствување се итни. Тие забележуваат дека замената на домашните возачи со „увезени решенија“ или префрлањето на проблемот во други земји е директно напуштање на домашната економија.

To top