Денеска, во Србија се одржуваат делумни локални избори во десет општини и градови.
Гласањето започна во утринските часови, но во градот Бор од самиот почеток на изборниот ден пристигнаа извештаи за сериозен инцидент пред просториите на Српската напредна партија (СНС).
Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, група непознати лица извршила напад врз партиски активисти на СНС.
Притоа биле употребени солзавец и палки. Како резултат на насилството, едно лице претрпело тешка повреда – скршена рака – додека повеќе активисти се здобиле со повреди и биле згрижени во болница. Очекува се лекарски извештај за нивната состојба.
Слични тензии се забележани и на избирачките места, каде што се појавиле лица опишани како „блокадери“.
Според наводите, на некои локации имало обиди за попречување на граѓаните кои сакале да го остварат своето изборно право, со што се создавала тензична атмосфера.
Слични собири и проблеми се пријавени и во општината Бајина Башта.
Носителот на листата „Александар Вучиќ – Бор – Наше семејство“, Радиша Петковиќ, за агенцијата Танјуг изјави дека нападот бил извршен со солзавец и палки, дека има повредени лица и дека тие веднаш биле пренесени во здравствена установа.
Петковиќ ја повика полицијата и надлежните органи итно да ги идентификуваат и санкционираат напаѓачите, истовремено апелирајќи изборниот процес да помине во мирна и демократска атмосфера, без насилство и без попречување на волјата на граѓаните.
Овој инцидент во Бор ги зголемува стравувањата дека денешните локални избори, кои се сметаат за важен тест за власта на Александар Вучиќ и СНС, може да бидат проследени со дополнителни тензии и обиди за нарушување на изборниот процес.
— Cvetak (@Cvetak45) March 29, 2026