Регион

Ердоган се помоли во „Света Софија“ на годишнината од падот на Цариград

Турскиот претседател присуствуваше на верскиот настан одржан во црквата повторно претворена во џамија во 2020 година

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган присуствуваше на молитва во „Света Софија“, христијанска црква претворена во џамија, како дел од одбележувањето низ цела Турција на 573 години од освојувањето на некогашниот Константинопол (Цариград) од Османлиите.

„Денес е петок, 29 мај. По една случајност, имавме можност да се помолиме во ‘Аја Софија’. посетеноста на ‘Аја Софија’ исто така беше величествена. Токму на овој ден, Мехмед Втори Освојувачот тргнал кон ‘Аја Софија’ и заедно со жителите на Константинопол се помолил тука. Тоа е нешто особено убаво“, им изјави тој на новинарите, на кои им подели локум.

Годинашните одбележувања се совпаѓаат со третиот ден од Курбан-бајрам, а централен настан беше „Маршот на освојувањето“, за кој Гувернерството на Истанбул соопшти дека „десетици илјади жители на градот се обединиле под славното турско знаме“.

Ердоган присуствуваше и во официјалната програма во Конгресниот центар „Халич“, насловена „Од освојувањето на Константинопол до освојувањето на срцата“.

„Света Софија“ е поранешна православна базилика, која во текот на својата историја била претворена во џамија, подоцна во музеј, а денес повторно се користи како џамија. Од изградбата во 4. век до 1453 година служела како византиска катедрала на Цариград, освен во периодот од 1204 до 1261 година, кога била претворена во римокатоличка катедрала по заземањето на градот од крстоносците и основањето на Латинското царство. Како џамија објектот служел од 29 мај 1453 година до 1931 година, кога била затворена, а од 1 февруари 1935 година до 2020 година претставувала музеј. Во јули 2020 година повторно била претворена во џамија.

Најнови вести од: Регион

Словенија се откажува од „деветолетката“, по лошите податоци од ПИСА

Дури 40 проценти од учениците наведуваат дека нивните врсници на часовите не ги слушаат наставниците, 22 проценти истакнуваат дека дигиталните уреди зачестено ги попречуваат во следењето на наставата, додека 48 проценти од учениците користат алатки за вештачка интелигенција за изработка на училишните задачи.

„Корча плус“: Општина Пустец заборавена и во беда, жителите бараат конкретни инвестиции!

Жителите на Пустец со години чекаат подобра инфраструктура. Иако Преспа има огромен природен и туристички потенцијал, состојбата со патиштата и понатаму останува еден од најголемите проблеми за локалното население, објави албанскиот медиум „Корча плус“, пренесува весникот „Илинден”.

Шефовите на ЕУ со осуда за Србија за погребот на воениот злосторник Младиќ на кој присуствуваа и државници

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска остро реагираа на присуството на високи српски функционери и елементите на официјална поддршка на погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград.

To top