Регион

(Фото): Јотова пред Ѓуров до сега од вториот круг во Бугарија, излезеноста до 10:30 е само 3,3%

Според излезната анкета на Дневник.бг, Илијана Јотова има 56,8 проценти, а Андреј Ѓуров 37,6 проценти од гласовите во утринскиот пресек. Податоците се прелиминарни и не претставуваат официјални изборни резултати.

Илијана Јотова има предност пред Андреј Ѓуров во раниот пресек од вториот круг на претседателските избори во Бугарија. Според излезната анкета на Дневник.бг, до 10:30 часот по бугарско време, односно до 9:30 часот по македонско време, Јотова добива 56,8 проценти, Ѓуров 37,6 проценти, а опцијата „не поддржувам никого“ ја избираат 5,6 проценти.

Излезеноста во истиот временски пресек изнесува 3,3 проценти.

Бугарија денеска избира претседател и потпретседател меѓу двојките Илијана Јотова–Кирил Влчев и Андреј Ѓуров–Георги Кандев. Гласањето започна во 7 часот и трае до 20 часот по локално време, со можност за продолжување најдоцна до 21 часот ако пред избирачките места има граѓани што чекаат да гласаат.

Во првиот круг, на 25 октомври, Јотова освои 34,76 проценти, а Ѓуров 31,95 проценти. Разликата меѓу нив изнесуваше околу 2,8 процентни поени.

Во вториот круг победува кандидатската двојка што добива повеќе гласови. Тоа значи дека ниското учество нема да го спречи изборот на претседател, но дополнително ја зголемува важноста на мобилизацијата на поддржувачите на двајцата кандидати.

Најнови вести од: Регион

Две години од трагедијата во Нови Сад: Комеморација за 16-те жртви во Србија

Трагедијата од 1 ноември 2024 година предизвика масовни студентски и граѓански протести кои доведоа до големи политички промени и пад на режимот на Александар Вучиќ во Србија. Tрите правни постапки поврзани со несреќата сè уште чекаат разрешница

Можеби нема да учествуваме на претседателските избори, рече Вучиќ по поразот на изборите

Српската напредна партија беше создадена со одвојување од Српската радикална партија, осудениот на хашкиот суд Воислав Шешељ, и дојде на власт во 2012 година. Вучиќ беше премиер на Србија од април 2014 година до крајот на мај 2017 година, по што беше избран за претседател во два мандата.

Брнабиќ: Претседателските избори ќе ги распишеме до 27 ноември

Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна странка (СНС), Ана Брнабиќ, се обрати од зградата на Претседателството на Србија, во својство на вршител на должноста претседател на Република Србија.

To top