Регион

(Фото+Видео): Пожар во Грција: Евакуирани областите Сивири и Фурка, пламените јазици стигнале до куќи

Според музичкиот продуцент и композитор Дарко Димитров, чадот брзо се шири во близина на објектите и плажата

Голем шумски пожар предизвика евакуација во популарното туристичко место Сивири на грчкиот полуостров Халкидики. Поради брзото ширење на пламените јазици, властите мобилизираа речиси сите расположливи сили за ставање на стихијата под контрола, а локалното население и туристите беа итно повикани да го напуштат регионот.

Во акцијата за гаснење на терен се ангажирани 122 пожарникари, меѓу кои три специјализирани тимови за шумски пожари, како и 41 противпожарно возило, објави 4news.mk Од воздух интервенираат дури 9 авиони и 7 хеликоптери (од кои еден има координативна улога). Како поддршка во операцијата се вклучени и цистерни на локалните власти и тешка градежна механизација. Преку грчкиот систем за итни предупредувања „112“ беше испратена порака до сите што се наоѓаат во Сивири со насоки за итна евакуација кон Мола Калива.

Познатиот македонски музички продуцент и композитор Дарко Димитров, кој деновиве се одмора во Грција, се најде во непосредна близина на огнена стихија. На социјалните мрежи сподели видеа и фотографии од туристичкото место Сивири, на кои се гледа густ црн чад. На видеата се забележуваат и противпожарни хеликоптери кои постојано надлетуваат и фрлаат вода во обид да го стават пожарот под контрола. Според она што го објави Димитров, чадот брзо се шири во близина на објектите и плажата каде што има многу туристи, создавајќи паника и загриженост кај присутните.

Најнови вести од: Регион

Граѓанин на Босна осуден на казна-затвор за величење на генерал Ратко Младиќ

Четириесет и тригодишен државјанин на Босна и Херцеговина е условно осуден на 15 дена затвор во Хрватска, откако полицијата во градот Кореница го уапсила поради величење на осудениот босански српски воен злосторник Ратко Младиќ на социјалните мрежи, јави Хина, повикувајќи се на Полицијата на Личко-сењската жупанија.

„Учете од минатото“: Ердоган ја предупреди Грција да престане да ги вооружува островите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати остро предупредување до Грција поради, како што оцени, продолжувањето на вооружувањето на островите со демилитаризиран статус, порачајќи дека Атина треба да го напушти „погрешниот пат“.

Протести во Тирана, се бара и оставка од Еди Рама (ВИДЕО)

Започнат како реакција на влијанието врз животната средина од туристичкиот проект во Звернец, учесниците сега бараат политички и институционални промени и ги изразуваат своите загрижености за корупцијата, можностите за вработување и заминувањето на младите луѓе од земјата

To top