Регион

Глаук Коњуфца ќе се обиде да формира влада во Косово по неуспешниот обид на Албин Курти

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, му го довери мандатот за составување нова влада на Глаук Коњуфца, заменик-претседател на владејачкото движење „Самоопределување“ (LVV).

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, му го довери мандатот за составување нова влада на Глаук Коњуфца, заменик-претседател на владејачкото движење „Самоопределување“ (LVV).

Коњуфца е вториот кандидат на LVV за премиер по неуспехот на актуелниот лидер Албин Курти, кој на 26 октомври не собра доволно гласови за влада. Коњуфца, поранешен претседател на Собранието, беше номиниран вчера; претседателката Османи го прифати предлогот и истиот ден му го врачи мандатот.

„За време на консултациите со политичките партии станало јасно дека ниту една друга партија, освен ‘Самоопределување’, не е подготвена да предложи мандатар“, изјави Османи.

Косово тоне во криза од изборите на 9 февруари, кога никој не освои 61 пратеник во 120-члениот парламент. Месеци не можеше да се избере спикер, па Собранието беше парализирано. Едвај на 26 август, по 57 неуспешни гласања, за претседател на парламентот беше избран Демаљ Баља од LVV. Во октомври беше избран и петтиот потпретседател од српската заедница, со што собранието конечно профункционира.

Коњуфца има 15 дена да ја претстави програмата и составот на владата. Ако не добие доверба, Косово оди на нови предвремени избори.

Најнови вести од: Регион

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top