Регион

Грчките државни службеници на 24-часовен штрајк против 13-часовниот работен ден

Државните службеници во Грција денеска излегуваат на 24-часовен штрајк, повикан од Синдикалната федерација на државните службеници (АДЕДИ), во знак на протест против новиот нацрт-закон за труд кој предвидува воведување на 13-часовен работен ден и други контроверзни измени, јави весникот „Катимерини“.

Државните службеници во Грција денеска излегуваат на 24-часовен штрајк, повикан од Синдикалната федерација на државните службеници (АДЕДИ), во знак на протест против новиот нацрт-закон за труд кој предвидува воведување на 13-часовен работен ден и други контроверзни измени, јави весникот „Катимерини“.

Минатата недела АДЕДИ објави повик за штрајк со клучни барања: враќање на 13-ата и 14-ата плата, значително зголемување на платите, потпишување на колективни договори во јавниот сектор, обезбедување на стабилна и постојана вработеност, како и укинување на новиот дисциплински закон.

Вработените во градскиот превоз во Атина се приклучуваат на акцијата на почетокот и крајот од работниот ден, со цел да ја поддржат солидарноста со државните службеници. Поради тоа, метрото и трамвајот во престолнината ќе работат од 9:00 до 17:00 часот, додека автобусите и тролејбусите од 9:00 до 21:00 часот.

Железничките работници исто така се приклучија на штрајкот, што значи дека денеска нема да сообраќаат возови низ цела Грција, пренесува „Катимерини“.

Главниот протестен марш е закажан за 11:00 часот на централниот плоштад Синтагма во Атина.

Ова не е првпат синдикатите да реагираат: на 1 октомври се одржа 24-часовен национален штрајк против новото трудово законодавство, организиран од најголемите синдикати во јавниот и приватниот сектор – ΑΔΕΔΥ и Генералниот сојуз на работници (ΓΣΕΕ). Тогаш учествуваа и морнарите, транспортните и железничките работници, а во Атина се одржаа масовни демонстрации со барање за повлекување на пакетот мерки што го менуваат работното време.

Најнови вести од: Регион

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

To top