Регион

Грчко-бугарскиот антимакедонски вирус се шири низ ЕУ, Полска најави вето за друга земја кандитатка

Полска го презема бугарското вето: „Со Бандера Украина нема да влезе во ЕУ“ – нов удар врз евроинтеграциите

Откако Бугарија со години го блокираше отворањето на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија поради историски, јазични и идентитетски услови, сега сличен модел применува и Полска кон Украина.

Полскиот вицепремиер и министер за одбрана, Владислав Косињак-Камиш, јасно порача дека Варшава ќе го блокира влезот на Украина во ЕУ доколку Киев не го реши „проблемот со Бандера“.

Косињак-Камиш изјави дека Полска сама ќе одлучува дали ќе ја поддржи Украина во ЕУ и дека никој не може да ѝ диктира како да гласа. Тој нагласи дека кандидатската земја не може да гради политика на сеќавање околу фигури и настани кои предизвикуваат болка и протест кај партнерите во Унијата.

„Со Бандера, Украина нема да влезе во Европската Унија“, беше јасната порака на полскиот министер. Според него, ОУН и УПА (Организацијата на украинските националисти и Украинската востаничка армија), чиј симбол е Степан Бандера, не можат да бидат дел од националниот пантеон на земја која сака да стане членка на ЕУ.

Полскиот министер ја обвини украинската власт дека го користи историскиот спор за внатрешнополитички цели.

Оваа ситуација директно потсетува на бугарското вето врз Македонија со таа разлика што Македонија не промовира контроверзни историски фигури ниту забранува и друг да ги слави.

Бугарија ги блокираше преговорите со барања за промена на историскиот наратив, признавање на бугарско малцинство, јазични спорови и „заедничка историја“.

Иако Македонија ги исполни формалните критериуми, Софија го искористи правото на вето за да наметне билатерални услови.

Сега Полска го применува истиот пристап кон Украина – историското сеќавање и почитувањето на контроверзни фигури (Бандера, поврзан со масакрите во Волинија каде загинаа десетици илјади Полјаци) стануваат пречка за европскиот пат.

Ова го потврдува трендот што прв го започна Грција со спорот за името, а потоа го продолжи Бугарија со Македонија.

Предходно и Хрватска објави низа услови упатени за Црна Гора.

Европската Унија, наместо да ги решава билатералните спорови преку заеднички механизми, се соочува со „вирус“ на вета и дополнителни услови од членките.

Полска најави дека може да најде сојузници во групата Вишеград за да го блокира процесот, што покажува дека овој модел се шири и станува системски проблем за сите кандидати од Западен Балкан и Источна Европа.

Дали Брисел ќе продолжи да дозволува секоја членка да ги решава своите историски сметки на грбот на кандидатите, или ќе воведе јасни правила за проширување – останува отворено прашање кое директно влијае на иднината на регионот.

Македонија и Украина, во моментов се соочуваат со реалноста дека во ЕУ, историјата тежи повеќе од критериумите за членство.

Најнови вести од: Регион

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“, барани со меѓународни потерница за убиства и други сторени кривични дела

Во заедничка акција на Македонската полиција, Американската ДСС и безбедносните органи на Албанија, во Драч уапсени се двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“.

Тајани: Силата на Европа зависи од влезот на Западниот Балкан во ЕУ, затоа Италија ја претставува неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“

Политичката сила на нашиот континент во наредните децении ќе зависи од влезот на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, порачува италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија Антонио Тајани, во својата најнова колумна. Според него, многу кратковидо и погубно е да се одложува пристапувањето на земјите од Западниот Балкан кон ЕУ Затоа Италија ја промовира неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, која ги обединува земјите-членки кои се најрешителни да го задржат европското внимание кон овој регион на високо ниво, истакнува Тајани.

Во Љубљана протест за излегување на Словенија од НАТО

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Израелхел“ (Israhell), кованица од англиските зборови Израел и пекол, „НАТО = мочуриште“ и „Повеќе не сакаме да сме робови на НАТО“ и апели за воведување санкции за САД и за Израел

To top