Регион

Грција казнета од Европската комисија со рекордни 415 милиони евра поради земјоделски субвенции

Од декларирање „виртуелни“ пасишта до пријавување фиктивни животни во неславното портфолио на грчкиот земјоделски сектор

Европската комисија ѝ изрече на Грција рекордна финансиска санкција во износ од 415,05 милиони евра поради систематски прекршоци при распределбата на земјоделски субвенции.

Одлуката доаѓа по ревизии од голем обем за периодот од 2016 до 2023 година, кои открија длабоки структурни проблеми во контролните механизми на земјата.

Ревизиите утврдиле низа прекршоци, меѓу кои декларирање „виртуелни“ пасишта, кои реално не се користат за земјоделство, како и пријавување фиктивни животни заради добивање субвенции.

Дополнително е утврден сериозен технолошки дефицит, вклучувајќи и отсуство на актуелни системи за идентификација на земјоделските површини и одложување на воведувањето сателитски мониторинг.

Паралелно со тоа, Европското обвинителство, раководено од Лаура Ковеши, спроведува истраги за организирани злоупотреби на средства, вклучувајќи и случаи поврзани со политичари.

Се очекува паричната казна да биде исплатена од државниот буџет, што може да доведе до намалување на директните исплати кон земјоделските производители, па веќе се јавува за протести и за тензии во секторот.

Счучајот се разгледува како сериозен сигнал од европските институции кон државите-членки за неопходноста од построга контрола и транспарентност при управувањето со со средствата од ЕУ.

 

Најнови вести од: Регион

Албанската мафија ги сопна Кушнер, кој е зет на Трамп, и неговиот мега-проект

Кога жителите на малото албанско село Звернец го предупредиле Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, да не го купува нивниот мал остров, бидејќи станува збор за одземена дедовина, тој не ги послушал.

To top