Регион

„Кој си бре ти?“ Александар Вучиќ најави интернет-портал за поплаки од граѓаните

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека наскоро ќе отвори портал преку кој граѓаните ќе можат да се пожалат на однесување на „арогантни“ функционери. Вучиќ рече дека порталот ќе се вика „Кој си бре ти?“

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави отворање интернет-портал на кој граѓаните ќе можат да се жалат на неодговорно и непристојно однесување на функционери. Порталот, чија цел, како што вели Вучиќ, е сузбивање на ароганцијата во јавниот сектор, ќе се вика „Кој си бре ти?“, пренесе Индекс.

  • „Во следните денови, покрај сите важни работи поврзани со полицијата и целиот систем, ќе се посветам на поддршка на обичните луѓе, бидејќи добив безброј писма. Наскоро отворам портал што ќе се вика ‘Кој си бре ти?’, како одговор на она нивното ‘знаеш ли ти кој сум јас?’. Таму ќе примам поплаки од граѓаните, ќе одговарам на нив и ќе разговарам со нив“, изјави Вучиќ, одговарајќи на новинарски прашања во Палатата Србија.

Тој додаде дека ќе се обиде да најде време за да влијае врз намалување на непристојноста и ароганцијата во целото општество.

  • „Дел од проблемите што ни се случуваат произлегуваат токму од таквото однесување. Тоа е нешто што луѓето најмногу на свет го мразат. Од мене тоа никогаш не сте можеле да го слушнете“, истакна Вучиќ.

Како пример за важноста на директната комуникација со граѓаните, тој раскажа неодамнешен случај кога лично му се јавил на човек кој му испратил писмо со негативна содржина.

  • „Вчера добив писмо од господинот Лончар, мислам од Нови Сад. Ми напиша многу лоши работи. Оставил телефонски број, па му се јавив. Разговаравме и тогаш сфатив колку еден разговор може да биде лековит и благотворен. Сфаќате како можеби можете малку да смените нечии ставови, но и како можете да се менувате себеси“, рече Вучиќ.

Според него, реакцијата на соговорникот го поттикнала на размислување.

  • „Кога човек ќе ви каже: ‘Не верував дека ќе се јавите, другите никогаш не ми се јавиле’, тоа не зборува најдобро за мене, но зборува многу лошо за некои други“, рече тој.

Најнови вести од: Регион

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: Нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир, што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. Тој истакна дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество, која треба да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Кога стартува ЕТИАС и што значи тоа за македонските граѓани?!

Македонските граѓани кои планираат патувања во земјите од Европската Унија наскоро ќе соочат со уште една нова административна процедура пред да тргнат на пат. По пристапувањето кон Влезно-излезниот систем на ЕУ (EES), вниманието на јавноста и патниците од регионот се насочува кон ЕТИАС (ETIAS) – електронскиот систем за овластување за патување, наменет за сите државјани […]

To top