Регион

Левовите заминуваат во историјата – Жестоки протести во Софија за Бугарија да влезе во Еврозоната

Стотици луѓе се собраа во поддршка на бугарскиот лев и организираа нов протест пред зградата на Народното собрание во Софија. Денешниот протест се совпаѓа со очекуваното објавување на извештајот за конвергенција на Европската комисија и Европската централна банка, кој ќе ја процени подготвеноста на Бугарија да се приклучи на еврозоната. Демонстрантите носеа транспаренти со натписи […]

Стотици луѓе се собраа во поддршка на бугарскиот лев и организираа нов протест пред зградата на Народното собрание во Софија. Денешниот протест се совпаѓа со очекуваното објавување на извештајот за конвергенција на Европската комисија и Европската централна банка, кој ќе ја процени подготвеноста на Бугарија да се приклучи на еврозоната.

Демонстрантите носеа транспаренти со натписи „Не за еврото“, „Ние го избираме левото“ и „Сакаме да бидеме прашани“, нагласувајќи дека преминот кон еврото треба да се случи само по директна консултација со народот, односно со референдум, објавија бугарските медиуми.

Тие бараат оставки од владата која ја продолжи постапката за воведување на еврото почната во 2018 година, за време на претходната влада на Бојко Борисов.

Организаторите ги повикаа сите членови на парламентот да излезат на улица и да дадат отчет пред народот.

Според некои анкети 80% од Бугарите се против приклучувањето кон еврозоната без референдум.

Најнови вести од: Регион

Вучиќ: Криминалци ја преземаат контролата и ја уништуваат Србија

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“, изјави дека „криминалниот клан од Врачар“ упатува закани кон успешни поединци низ Србија, првенствено бизнисмени и имотни луѓе. Тој, исто така, ја прочита содржината на две такви пораки.

Петков: Избравме „претседател на мирот“ – очекувам брз крај на војната во Украина

„Исто така, очекуваме голем просперитет под администрацијата на Радев: брзо решавање на проблемот со високите цени и буџетскиот дефицит, огромен пораст на приходите на граѓаните и, се разбира, целосно демонтирање на олигархијата“, вели Петков

To top